СОЛЕН БРЗ РОЛАТ СО СПАНАЌ

Рецепт на: ЈОВАНКА СТОЈКОСКА

Потребни состојки:  3 јајца, 3 лажици брашно, 1 рака спанаќ, 150 гр. кравјо сирење, 300 гр. павлака, 3 лажици масло, 3 лажици млеко, 100 гр. шунка и 1 пакетче пециво

Постапка:

Во подлабок сад се матат со миксер 3 јајца.

Потоа се додаваат: 3 лажици масло, 3 лажици млеко,  3 лажици брашно, 1 пакетче пециво и 1 рака ситно сечкан спанаќ и се продолжува уште малку со матењето.

Изматената смеса се распоредува на половина плех прекриен со готварска хартија.

Се пече во загреана рерна 5 минути на 200 степени.

Испеченото тесто се става на влажна крпа да се излади.

За тоа време се подготвува филот.

Сирењето се ренда и се меша со павлаката.

Филот се нанесува на тестото и се реди шунката.

Со раце се формира ролат и се остава во фрижидер да се излади и стегне.

Најбогатиот Данец во бомбашките напади во Шри Ланка загубил три деца

Најбогатиот Данец според магазинот Форбс, милијардерот Андерс Холч Повлсен по бомбашките напади во Шри ланка остана без три од своите четири деца.

46- годишниот Повлсен кој е сопственик на меѓународниот синџир на продавници за облека „Бестселер“ објави дека три од неговите четири деца се убиени во терористичките напади на Шри Ланка. Семејството на данскиот милијардер било на одмор на Шри Ланка за католичкиот Велигден, пренесе „Дејли маил“.

Андрес Повлсен е најголемиот акционер на британската онлајн продавница „АСОС“ и вториот најголем акционер на германската онлајн продавница „Заландо“.

Данскиот милијардер воедно е и сопственик на 89 илјади хектари земја во Шкотска, што го прави најголемиот приватен земјопоседник во земјата.

Според листата на магазинот „Форбс“ од 2018 година , Повлсен со богатство од 7,9 милијарди американски долари е најбогатиот Данец во светот.  

Роналдо во Дубровник сместен во вила каде ноќевањето чини 7000 евра

Фудбалската мега ѕвезда Кристијано Роналдо на Јувентус му ја донесе осмата последователна титула шампион на Италија.

Португалскиот ас стана првиот светски фудбалер со освоена титула во Англија, Шпанија и Италија. Роналдо само три часа по синоќешниот натпревар со приватен авион слетал на аеродромот Чилипи во монденскиот Дубровник во Хрватска.

Локалните медиуми сега откриваат дека Роналдо и Георгина Родригез  во Дубровник се сместени во елитната Вила Шехерезада во која ноќевање чини „само“ околу 7000 евра.

Во истата вила престојувале и Елизабет тејлор, Ричард бартон, Софија Лорен, Џејми Фокс ...

Со прекрасниот поглед од  нивниот апартман во преубавата вила  на Инстаграм се пофали свршеничката на Кристијано атрактивната Георгина.

Фото: Во специјални дресови до титула!!

Фудбалерите на богатиот ПСЖ во 33 коло од Лига ! во голем стил ја одбранија шампионската круна во Франција.

Во дрес со мотиви на Нотр Дам, најдобриот млад фудбалер на светот Килијан Мбапе постигна хет-трик, а Бразилецот Нејмар по подлг период поради повреда се врати на теренот во победата над Монако од 3-1.

притисни ентер