Ауди ги претстави новите модели , различни за европскиот и за американскиот пазар

Ауди ги претстави моделите А6 и А7 , на моќен дизел погон засилен со компресор на елетричен погон.

Паралелно се појавуваат и три изведби и тоа покрај основната S6 , ќе се појави и S6Avant , а најатрактивен е S7. Ситее три модели се со V6 дизел мотор и 48 волтен систем, што постигнува 349 Кс.

За да постигне 100 км/час му се потребни5 секунди ,со максимална брзина лимитирана на 250км/час. При комбинираната работа , моторот штеди гориво , така што просечната потрошувачка изнесува 6,3 л/100км , односно 6,5 за моделите S6Avant и S7.

Во автомобилот се е подредено на комфорот. Има целосно виртуелен кокпит со 4 зонскаклима и спортски седишта. Ќе почне да се продаваат летово со цена во Германија од 76 500 евра . Моделот S7 е најскап со почетна цена од 82 750 евра.

Ова е европскиот модел а во САД овие S изведби добиваат 2.9 TFSI V6 twin-turbo бензински мотор со 450 Кс и 600 Нм , позајмен од RS5 coupe.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер