Икарди оди во Реал или Јувентус за 60 милиони евра

Шпанските медиуми објавуваат дека фудбалерот Мауро Икарди одлучил веќе да не го продолжува договорот со Интер  и дека летово сигурнио заминува од Милано.

Аргентинецот последните месеци го поврзуваа со Реал , од каде во зимскиот преоден рок наводно биле подготвени да платат и над 100 милиони евра за него.

Но , цената му паднала откако поскедните месеци е во кавга со управата , играчите и тренерот на Интер. Летово Интер би го препуштил за 60 милиони евбра ,иако Икарди сега се премислува и за трансфер во Јувентус.

За него се заинтересирани и наполи , како и Манчестер Јунајтед , каде го гледаат како замена за Лукаке.

Солскјер најави чистка по дебаклот

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл денеска против Евертон од кого загуби со 0:4.

Ова беше најголемата победа на Евертон против Манчестер Јунајтед од 1984 година кога изгуби со 5:0. По овој резултат е јасно дека магијата на Оле Гунар Солскјер исчезна, откако Норвежанецот го замени Мурињо на чело на тимот пред крајот на минатата година.

Јунајтед славеше на 10 од првите 11 натпревари со него на клупата. Но , сега Јунајтед пропаѓа и загуби шест од последните осум натпревари.

Солскјер , за да ја смири својата и лутината на навивачите , најави дека од сдледната сезона голем број од фудбалерите на Јунајтед нема да играат во тимот.

Навивачите на ПАОК го запалија Солун (ВИДЕО)

Викендов во Солун владее вистинска фудбалска грозница.

Вчера клубот ПАОК го прослави 93 роденден , а по тој повод навивачите низ целиот град поставија илјадници факели , што буквално го запалија цел Солун.

Роденденската прослава денеска би можела да се претвори во уште поголемо лудило , доколку вечерва ПАОК го освои првенството , и тоа по цели 34 години.

На две кола пред крајот на првенството ПАОК има 8 бода предност пред второпласираниот Олимпијакос, кој има натпревар помалку. Денешната победа над Левадиакос , кој се подготвува за втората лига , ќе значи и освојување на првото место за ПАОК.

Натпреварот почнува во 18 часот. ПАОК бил првак на Грција во 1976 и во 1985 .

Самсоненко се повлекува од РК Вардар

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко преку пишано соопштение најави дека од следната сезона нема да биде во можност да продолжи со финансирањето на Ракометниот клуб „Вардар“.

Тој ги повикува македонските бизнисмени да се приклучат кон финансирањето на ракометниот клуб.

– Од седуммте години поминати во ракометот за жал изминува веќе третата година како јас лично се борам од ден за ден за издржување на клубот, со постојано задолжување и земање на кредити. Покрај оваа борба која ја водам секој ден зад мене има повеќе од 5000 вработени во моите компании кои ги издржувам со нивните семејства и кои не сакам да ги загрозувам, а веќе тоа се одразува со моето постојано задолжување за спортот – пишува Самсоненко.

Тој вели дека добил ветувања дека за кратко ќе добие помош за ракометот, но дека помошта ја нема.

притисни ентер