Почина Мира Марковиќ , вдовицата на Слободан Милошевиќ

Денеска во Русија почина вдовицата на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ , Мира Марковиќ.

Марковиќ била во тешка здравствена состојба последнава недела и наводно била во болница во Сочи. Според српските медиуми , Марковиќ неодамна имала четири операции , а откако паднала во кома , била вклучена на апарати за да ја одржуваат во живот.

Мира Mарковиќ е родена 1942 година , а за неа во Србија е распишана потерница . Побегна во Русија заедно со синот Марко , каде добија политички азил.

Променет режим на сообраќај на патниот правец Гостивар-Маврово

Поради градежни активности на автопатот А2 денеска на патниот правец Гостивар-Маврово ќе има променет режим на сообраќај, информираат од АМСМ.

– Виадукт трејд ДООЕЛ известува дека на ден 18.06.2019 година ќе се започне со изведување градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат А2, патен правец Гостивар-Маврово, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, се наведува во соопштението од АМСМ.

Промоција на книги од Санде Стојчевски, Елена Пренџова и од Стефан Марковски

Промоција на книгите „Болката на јаболкото" од Санде Стојчевски, „Мини прирачник за поезија" од Елена Пренџова и „Хипербог" од Стефан Марковски, ќе бидат промовирани вечерва во Салон 19:19, во Културно-информативниот центар – Скопје.

Како што најавија од КИЦ-Скопје, книгите ќе ги промовира Филип Клетников, а извадоци ќе читаат авторите.

Санде Стојчевски е реномиран македонски поет, есеист, книжевен критичар и преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил новинар, а потоа уредник во образовната редакција во Радио Скопје, уредник, главен уредник и директор на книгоиздателството „Македонска книга" – Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.

Елена Пренџова (1985, Скопје) е поетеса и слемерка. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. На книжевната сцена е присутна една деценија, како авторка на шест поетски збирки, од кои четири се наградени со национални награди, и има една коавторска двојазична збирка, во препев на српски. Денес е една од уредниците на најстарото книжевно списание „Современост" и активна членка на ДПМ од 2012 год. Последните неколку години организира слем-натпревари во градовите низ Македонија.

Стефан Марковски е роден и израснат во Гевгелија, каде што завршил основно и средно образование. Дипломирал на Катедрата за компаративна книжевност при Филолошкиот факултет и Институтот за филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, а магистрирал Сценарио за филм и ТВ на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Марковски е член на Друштвото на писатели на Македонија, македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт и други здруженија. 

САД ќе испратат околу илјада војници на Блискиот исток како одговор на „заканата“ од Иран

САД ќе испратат околу илјада војници и воена опрема на блискиот исток како одговор на „заканата“ од Иран, изјавија синоќа од Пентагон

Според него, Вашингтон не оди во конфликт со Иран. Мерката е во прилог на безбедноста на веќе присутните воени служби и заштита на националните интереси на САД во регионот.

Како што е веќе познато, на 13 јули во Оманскиот залив се случија експлозии на два нафтени танкера, јапонски и норвешки.  Танкерите биле нападнати во близина на Ормускиот теснец.

Сите 44 морнари на тие пловила се евакуирани од ирански итни служби и префрлени во пристаништето Џаск, лоцирано на територија на Иран.

Одговорноста за експлозиите САД ја префрлаат на Иран, а Техеран ги отфрла обвинувањата.

притисни ентер