,,Кралското бебе ќе биде девојче и ќе се вика Дајана” – британските кладилници уриваат рекорди

Според досегашните резултати од кладилниците во Британија , на неколку дена од најочекуваното породување на Меган маркл , бебето ќе биде девојче и ќе се вика Дајана.

Ова е најчестото име што се спомнува , а речиси сите се кладата дека бебето на кралската двојка Меган и Хари , ќе биде девојче. Од агенциите велат дека веќе и се сомневаат , сметајќи дека можеби некој го виделултразвукот на војвотката Меган. Со четири наспрема еден , најголем фаворит за името е Дајана. Понего следуваат Викторија, Елис , Грејс и Елизабет.

Оние кои се кладат дека бебето ќе биде машко ги избираат имињата Алберт, Артур и Џејмс. Дури 80 проценти од предлозите се однесуваат на името Дајана, иако од агенциите сметаат дека е малку вериојатно Хари да одбере име на своето дете што ќе го потсетува на неговата трагично загината мајка.

Според историчарката на кралското семејство , Каролин Херис , најверојатно Дајана би било средното име на бебето ако е девојче. Бебето на Хари и Меган ќе биде седмо по ред за наследство на кралската круна на Британија.

Тешко болен фудбалер решил за последен пат да ја израдува ќеркичката (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Глазгов Реинџерс , Фернандо Рикенс, направи роденденска забава за својата седумгодишна ќеркичка во болницата , каде е пред крај во борбата со тешката болест. 

Рикенс боледува од амиотрофична латерална склероза , но тешката болест не го спречи да и направи изненадување на ќеркичката. Снимката со изненадувањето на Инстаграм ја објави неговата сопруга Вероника.

Поради тешката болест Рикенс најави дека последен пат ќе се појави во јавност на 28 . јуни на хуманитарен настан. Тој во 2013 откри дека боледува од неизлечивата болест, која е дојдена во својата последна фаза.

Камењата од Месечината се непроценливо богатство

Камењата од Месечината се сиви и безлични , но за научниците тие се од непроценлива вредност.

Според Семјуел Лоренс од НАСА , овие камења се надрагоцените предмети на земјата. Примероци на камењата од Месечината , кои прво ги собрале космонаутите од Аполо 11 под раководство на Нил Армстронг пре речиси 50 години , го сменија поимнањето на луѓето за вселената. До сега во шесте мисии на Аполо од 1969 до 1972 се собрани и донесени на Земјата 382 килограми камења.

,,Месечината е каменот од розетата за нашиот Сончев систем.Тоа е темел на планетарната наука”, вели Лоренс.  

Научникот вели дека доказите за Месечината , Меркур, Марс, некои астероиди , директно се поврзани со резултартите добиени од мисијата Аполо.  

Со проучувањето на камењата научниците утврдиле како настанала Месечината , во исто време како Земјата пред 4,3 до 4,4 милијарди години.

Тогашниот американски претседател Ричард Никсон на секоја држава во светот , а тогаш имало 135 , и подарил по еден камен од Месечината.

Повеќето денеска се чуваат во музејот на НАСАво Хјустон.

Докторка ја загубила лиценцата поради разголени фотографии на Инстаграм (ФОТО)

Докторка од Мјанмар , која сакала да стане модел , ја загуби лиценцата поради разголените фотографии што ги објавува на Инстаграм.

По неколку години сериозна докторска работа, Нанг Мве Сан решила да објавува свои провокативни фотографии на Инстаграм.

Но , во јануари годинава и беше испратено предупредување од Докторскиот совет на земјата да престане да ги објавува фотографиите, на кое го открива своето тело.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

You never cross the ocean unless you have the courage to lose sight of the shore 👑👑👑

A post shared by Nang Mwe San (@nangmwesan) on

Докторката го игнорирала предупредувањето , така што неодамна и е одземена лиценцата за работа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

just the way I am 😘😘😘

A post shared by Nang Mwe San (@nangmwesan) on

,,Тука има толку многу сексизам” , изјави атрактивната Нанг за Њујорк Тајмс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

too much to handle 😉

A post shared by Nang Mwe San (@nangmwesan) on

Таа на Инстаграм пред неколку дена напиша ,, Мое тело , мое право. “

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

I really luv my bikini line 😍😊😊 do u?

A post shared by Nang Mwe San (@nangmwesan) on

притисни ентер