Избори во Финска-по 20 години Социјалдемократите во водство на анкетите

Финска ќе сврти налево на денешните изборите , откако Социјалдемократите го презедоа водството на последните анкети.

Доколку се остварат прогнозите, земјата ќе го добие својот прв левичарски лидер во последните 20 години. Но, неколку партии, вклучувајќи ги и десничарските, кои се приближуваа кон второто место, способноста на Социјалдемократите да ја добијат власта може да се намали и да треба постизборно да влезат во  коалиција.

Минатиот месец владата на поранешниот премиер Јуха Сипила поднесе оставка поради неговиот неуспех да постигне реформа на социјалната и здравствената заштита.

Неговата централна партија беше во коалициона влада на централнодесничарите од последните парламентарни избори во 2015 година.

Министерски совет на ЕУ за Македонија и за Албанија

Министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за напредокот на земјите од западниот Балкан и проширувањето.

 Министрите, меѓу другото, треба да решат дали и кога Македонија и Албанија ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ, како што препорача Европската комисија на 29 мај во своите извештаи.

Досега не е постигнат консензус помеѓу земјите членки за заклучоците на овој состанок.

Одлуката што ќе ја донесат министрите денеска потоа ќе треба да биде потврдена од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ на европскиот совет на 20 и 21 јуни во Брисел.

Коловозите влажни, можни одрони низ котлините и клисурите

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

 На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што информира АМСМ, поради одрони, сообраќајот на регионалниот пат Делчево-Каменица се одвива по една сообраќајна лента. Се преземаат мерки за рсчистување на коловозот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

ФЕИТ одбележува 60 години постоење

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во рамки на одбележувањето шест децении од основањето, денеска ќе им додели „Златна диплома" на сите студенти кои дипломирале пред 50 години.

Според факултетот, ќе бидат доделени 60-тина дипломи на дипломирани електроинженери од првите генерации. 

притисни ентер