Австралиските новинари утре на суд зашто известувале од судењето на кардиналот- педофил

Околу 30 новинари и издавачи утре ќе излезат пред суд и им се заканува петгодишна затворска казна зашто известувале од судењето ан кардиналот- педофил , осуден за сексуално злоставување момчиња.

Околу 30 новинари кои известувале од судењето на кадриналот Џорџ Пел , кој е највисок претставник на Ватикан осуден за педофилија, утре ќе излезат пред судот на државата Викторија.

Обвинителството товари 23 новинари и 13 медиумски куќи за кршење на судскиот налог , со кој било забрането известување од судењето на кардиналот во текот на минатиот месец. Обвинителството бара парични и затворски казни.

За ваков прекршок новинарите се соочуваат со казна затворт од 5 години и со парична казна од 100 000 австралиски долари. Медиумските куќи ќе треба да платат казмна од 500 000 долари.

Истото обвинение било поднесено и против електронските медиуми и сајтовите , но кон крајот на март било повлечено. Пред почетокот на судскиот процес, судот забрани да се известува од него , а ги товари дури и новинарите , кои праќале информации надвор од Австралија и за судскиот процес на кардиналот Пел информирале странските медиуми. 

Министерски совет на ЕУ за Македонија и за Албанија

Министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за напредокот на земјите од западниот Балкан и проширувањето.

 Министрите, меѓу другото, треба да решат дали и кога Македонија и Албанија ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ, како што препорача Европската комисија на 29 мај во своите извештаи.

Досега не е постигнат консензус помеѓу земјите членки за заклучоците на овој состанок.

Одлуката што ќе ја донесат министрите денеска потоа ќе треба да биде потврдена од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ на европскиот совет на 20 и 21 јуни во Брисел.

Коловозите влажни, можни одрони низ котлините и клисурите

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

 На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што информира АМСМ, поради одрони, сообраќајот на регионалниот пат Делчево-Каменица се одвива по една сообраќајна лента. Се преземаат мерки за рсчистување на коловозот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

ФЕИТ одбележува 60 години постоење

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во рамки на одбележувањето шест децении од основањето, денеска ќе им додели „Златна диплома" на сите студенти кои дипломирале пред 50 години.

Според факултетот, ќе бидат доделени 60-тина дипломи на дипломирани електроинженери од првите генерации. 

притисни ентер