Колекционерите имаат уште една шанса за да ги купат легендарните Алфа Ромео

Со помош на фабричката програма за обнова на колекционерските модели , два модела на Алфа Роемо и натаму се во понуда , иако само мал број.

Алфа Ромео 8Ц е ееден од оние автомобили кои секој колекционер настојува да го има. најмногу ги привлекува 4.7 V8 мотор со 450 Кс и 470 Нми го носи потписот на Ферари. Моторот е поставени во двата модела, и во Спакдер и во Купе. За жал , оригиналната серија Alfa 8C Competizione имаше само 500 примероци , а последниот е произведен во 2010.

Но , благодарејќи на програмата  Reloaded by Creators  во рамкирте на  FCA Heritage  ,сега може да се набават целосно обновени модели. Станува збор за примероци , кои излегуваат директно од производната лента.

Сопственикот сега може да добие дел од историјата , зашто Купр престана да се произведува во 2007 , а Спајдер во 2010.

Така , колекционерите , кои може уште денеска да ги видат овие модели на саемот за Автомобили во Есен , Германија. Во спротивно ќе пшочекаат до најавениот нов модел на Алфа , најрано во 2022.

Овие модели се продаваат по цена од 199 000 евра за Спајдер и 160 000 евра за Купе.

Примероците купени на старо од други колекционери за истите модели достигнуваат најмалку од 250 000 евра.

Најбогатиот Данец во бомбашките напади во Шри Ланка загубил три деца

Најбогатиот Данец според магазинот Форбс, милијардерот Андерс Холч Повлсен по бомбашките напади во Шри ланка остана без три од своите четири деца.

46- годишниот Повлсен кој е сопственик на меѓународниот синџир на продавници за облека „Бестселер“ објави дека три од неговите четири деца се убиени во терористичките напади на Шри Ланка. Семејството на данскиот милијардер било на одмор на Шри Ланка за католичкиот Велигден, пренесе „Дејли маил“.

Андрес Повлсен е најголемиот акционер на британската онлајн продавница „АСОС“ и вториот најголем акционер на германската онлајн продавница „Заландо“.

Данскиот милијардер воедно е и сопственик на 89 илјади хектари земја во Шкотска, што го прави најголемиот приватен земјопоседник во земјата.

Според листата на магазинот „Форбс“ од 2018 година , Повлсен со богатство од 7,9 милијарди американски долари е најбогатиот Данец во светот.  

Роналдо во Дубровник сместен во вила каде ноќевањето чини 7000 евра

Фудбалската мега ѕвезда Кристијано Роналдо на Јувентус му ја донесе осмата последователна титула шампион на Италија.

Португалскиот ас стана првиот светски фудбалер со освоена титула во Англија, Шпанија и Италија. Роналдо само три часа по синоќешниот натпревар со приватен авион слетал на аеродромот Чилипи во монденскиот Дубровник во Хрватска.

Локалните медиуми сега откриваат дека Роналдо и Георгина Родригез  во Дубровник се сместени во елитната Вила Шехерезада во која ноќевање чини „само“ околу 7000 евра.

Во истата вила престојувале и Елизабет тејлор, Ричард бартон, Софија Лорен, Џејми Фокс ...

Со прекрасниот поглед од  нивниот апартман во преубавата вила  на Инстаграм се пофали свршеничката на Кристијано атрактивната Георгина.

Фото: Во специјални дресови до титула!!

Фудбалерите на богатиот ПСЖ во 33 коло од Лига ! во голем стил ја одбранија шампионската круна во Франција.

Во дрес со мотиви на Нотр Дам, најдобриот млад фудбалер на светот Килијан Мбапе постигна хет-трик, а Бразилецот Нејмар по подлг период поради повреда се врати на теренот во победата над Монако од 3-1.

притисни ентер