Полета авионот од каде ќе се лансираат сателити (ВИДЕО)

Авионот со најголеми крилја на светот успешно го заврши својот прв лет, објави воздухопловната компанија Стратолаунч.

Авионот има два трупа и растојание на крилјата од 117 метри , што е поголемо од стадион за американски фудбал. Авиониот два и пол часа леташе над пустината Мохаве во Калифорнија.

,,Колку величествен прв лет. Денешниот лет е нов чекор во нашата мисија за флексибилна алтернартива при лансирањата од земјината површина. ” ,изјави извршниот директор на Стратолаунч , Џин Флојд. 

Kомпанијата Стратолаунч во 2011 ја основа соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален . Целта на компанијата е да овозможи поефтин пристап кон земјината орбита преку лансирање сателити од авион, наместо од космодром.

Фото: Се урна Ф-16, пилотот висел на далновод

Драма на западот на Франција, се урна авион Ф-16, пилот виси на жизи од далновод.

Белгиски воен авион Ф16 се урнал во населено место на западот на Франција, соопштија официјални претставници.

Еден од пилотите паднал на високонапонски далновод.

Според АП, авионот паднал во дел на градот Плувињер, и дека еден од пилотите бил спасен.

Хиларија и Алек Болдвин го чекаат петтото дете!!

Алек Болдвин во седмата деценија од животот повторно ќе стане татко.

35- годишната Хиларија Болдвин ги изненади следбениците на Инстаграм со кратко видео на кое се слуша отчукување на срце, бебешко.!!

„Уште е рано, но првите месеци ме исцрпеа“, напиша Хиларија и откри дека по петти пат ќе стане мајка.

Атрактивната инструкторка по јога и 61 годишниот актер Алек Болдвин имаат четири деца, Кармен (6г.) Рафаела(4) Леонардо(3) и Ромео, кој има само 15 месеци.

Хиларија пролетва беше бремена по петти пат , но пред четири месеци го загуби бебето.

Фото: Карлеуша без грам шминка

Атрактивната пејачка Јелена Карлеуша која е позната по својот гламурозен  изглед, ги изненади  фановите на социјалните мрежи со фотка од дневна соба.

Популарната Џеј Кеј покажа како изгледа без грам шминка на себе, изненадувачки  облечена во дукс, затворен до вратот.

Според нејзините фанови на фотографијата се гледа заморот на Јелена од многубројните настапи.

За илјадниците следбеници на Карлеуша на социјалните мрежи оваа фотка е голема изненадување, бидејќи тие се навикнати да ја гледаат својата омилена пејачка во секси и провокативни изданија.  

притисни ентер