Хамилтон победи на 1000. јубилејна трка на Формула 1

На првиот завој шампионот Луис Хамилтон го престигна Ботас и ја освои Големата наградан на Кина на јубилејната 1000. трка на Формула 1 во Шангај.

Хамилтон го помина својот клупски колега од тимот на Мерцедес , Валтери Ботас и до крајот на трката го задржа првото место. Трет е Себастијан Фетел , а четврт е Макс Верстапен.

Во тимот на Ферари настана кавга во текот на трката , кога од командната сопба му наредија на младиот Себастијан Леклерк во 11. круг да го пропушти Фетел , но Леклерк тврдеше дека е побрз од Германецот.

Сепак , на крај попушти и Фетел го зазеде третото место , по двете први места на тимот на Мерцедес.

притисни ентер