Од 2000. година досега реализирани преку 500 трансплантации на коскена срцевина

Заклучно со минатата година во земјава извршени се преку 500 трансплантации на коскена срцевина, за која соодветен донор во Македонија тешко се наоѓа.

Три илјади граѓани се пријавиле како идни донори на коскена срцевина во националниот дарителски регистар. Дарувањето на коскена срцевина претставува процедура каде може секој човек да остави 5 милиграми крв во институтот за имунологија и хумана генетика и да стане член на регистарот за дарители. Клиниката за хематологија, министерството за здравство и институтот за имунологија почнуваат кампања „Биди срцевина, биди херој“.

Ова е лабораторијата во Институтот за имунологија каде секој може да добие информација каква процедура е донорството.

Од министерството за здравсто и фондот рекоа дека оваа година и институтот и клиниката добиле поголем буџет по направените три успешни трансплантации од несроден донор.

На денешната работилница учестуваа и професори од Сорбона во Париз. Доктор Мохамед Мохти посочи дека само 30 проценти од заболените со лекумија може да се спасат од нивните блиски. 70 проценти се запишани во кодовите на генетиката во луѓе кои може поминале само покрај вас или луѓе кои сте ги виделе на репортажи што живеат на сосема друг крај во Европа.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

притисни ентер