Верстапен збесна во Шангај и ги исплука возачите на Формула 1

Додека Верстапен целосно ги загуби нервите на трката за пол позиција на утрешната јубилејна 1 000 . трка на Формула 1 , Ботас за влакно победи пред Хамилтон.

Финецот Валери Ботас освои пол позиција и за 23 илјадите делови од секундата го победи актуелниот шампион Луис Хамилтон, исто во Мерцедес.  На трето место се пласира Себастијан Фетел во Ферари. На петто место заврши Макс Верстапен од Ред Бул.

Темпераментиот Холанѓанец збесна кога увиде дека во финалната серија нема да може да одработи уште еден брз круг зашто му поминало времето , а за тоа ги обвини противниците. Во моментот кога Верстапен забави за да може да забрзи во конечниот круг, го претрка Фетел , а по него уште едно возило на Рено. Дури тогаш техничарот му јави дека може да забрза , но кога увиде дека задоцни , Верстапен збесна.

Тој преку радио врската со пцовки и остри навреди се нафрли на другите возачи на Формула за непочитувбање на непишаните правила во трката да се вози еден зад друг.

,,Сите возиме во колона , а тие се ќе с...ат ! Пробуваш да бидеш пристоен , а тие се ќе с...ат!!! , викаше Верстапен преку радио врската. Потоа тој изјави дека бил пристоен и се држел до правилата , поради што доби пониско место на пол позицијата на утрешната трка во Шангај.

притисни ентер