,, Да не абортирав , ќе родев од своите силувачи” – шокантна исповед на холивудска ѕвезда

Холивудкаста ѕвезда Ешли Џад јавно проговори за трите силувања и откри дека ќе имаше дете од нив , доколку не абортирала.

Актерката и активистка на движењето #MeToo зборуваше на 10. Самирт за женските права во Њујорк.

Џад говореше за новиот закон за абортус , донесен минатиот месец во Џорџија , во кој се забранува абортус доколку може да се слушне отчукување на срцето на фетусот, иако тоа може да се случи и пред жената да утврди дека е бремена.

,,Како што знаат сите , преживеав три пати силување.По едното од силувањата , останав бремена . И многу сум среќна што можев да извршам сигурен и легален абортус . Зашто силувачот кој живее во Кентаки , како и јас која живеам во Тенеси , ќе имаше татковски права и во двете држави и ќе моравда бидам родител со својот силувач.” , рече актерката.

Ешли Џуд никогаш не ги именуваше своите силувачи , но беше една од првите која го обвини продуцентот харви Вајнштајн за сексуално злоставување.

Најбогатиот Данец во бомбашките напади во Шри Ланка загубил три деца

Најбогатиот Данец според магазинот Форбс, милијардерот Андерс Холч Повлсен по бомбашките напади во Шри ланка остана без три од своите четири деца.

46- годишниот Повлсен кој е сопственик на меѓународниот синџир на продавници за облека „Бестселер“ објави дека три од неговите четири деца се убиени во терористичките напади на Шри Ланка. Семејството на данскиот милијардер било на одмор на Шри Ланка за католичкиот Велигден, пренесе „Дејли маил“.

Андрес Повлсен е најголемиот акционер на британската онлајн продавница „АСОС“ и вториот најголем акционер на германската онлајн продавница „Заландо“.

Данскиот милијардер воедно е и сопственик на 89 илјади хектари земја во Шкотска, што го прави најголемиот приватен земјопоседник во земјата.

Според листата на магазинот „Форбс“ од 2018 година , Повлсен со богатство од 7,9 милијарди американски долари е најбогатиот Данец во светот.  

Роналдо во Дубровник сместен во вила каде ноќевањето чини 7000 евра

Фудбалската мега ѕвезда Кристијано Роналдо на Јувентус му ја донесе осмата последователна титула шампион на Италија.

Португалскиот ас стана првиот светски фудбалер со освоена титула во Англија, Шпанија и Италија. Роналдо само три часа по синоќешниот натпревар со приватен авион слетал на аеродромот Чилипи во монденскиот Дубровник во Хрватска.

Локалните медиуми сега откриваат дека Роналдо и Георгина Родригез  во Дубровник се сместени во елитната Вила Шехерезада во која ноќевање чини „само“ околу 7000 евра.

Во истата вила престојувале и Елизабет тејлор, Ричард бартон, Софија Лорен, Џејми Фокс ...

Со прекрасниот поглед од  нивниот апартман во преубавата вила  на Инстаграм се пофали свршеничката на Кристијано атрактивната Георгина.

Фото: Во специјални дресови до титула!!

Фудбалерите на богатиот ПСЖ во 33 коло од Лига ! во голем стил ја одбранија шампионската круна во Франција.

Во дрес со мотиви на Нотр Дам, најдобриот млад фудбалер на светот Килијан Мбапе постигна хет-трик, а Бразилецот Нејмар по подлг период поради повреда се врати на теренот во победата над Монако од 3-1.

притисни ентер