Во Париз промоција на францускиот превод на „Париз на Омер Калеши" од академик Старова

На  традиционалниот „Салон на книгата на Балканот" во Париз денеска ќе биде промовиран францускиот превод на книгата „Париз на Омер Калеши'' од академик Луан Старова.

Покрај авторот, академик Старова, на овој високо вреднуван настан ќе присуствува и сликарот Омер Калеши, кој повеќе од полвина век, живее и создава во Париз во градот на светлината, а е и почесен член на МАНУ.

Станува збор за книгата разговори помеѓу сликарот Омер Калеши и писателот, водени во Скопје, Париз и Истанбул, објавена неодамна во Скопје, во издание на МАНУ. Предговорот е на професорот Ферид Мухиќ.

Омер Калеши се смета за еден од најголемите живи балкански сликари. Роден е во Македонија, во Кичево, школуван на Академијата за убавите уметности во Истанбул, од каде заминува за Париз. Калеши изложувал свои слики во големите париски галерии, додека за него се пишувани обемни монографии. Последниве години, се созадваат посебни галерии од неговото сликарство во Македонија, на Косово, а последната, пред извесно време во Бурса, Турција. /МИА

Коловозите влажни, можни одрони низ котлините и клисурите

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

 На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што информира АМСМ, поради одрони, сообраќајот на регионалниот пат Делчево-Каменица се одвива по една сообраќајна лента. Се преземаат мерки за рсчистување на коловозот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

ФЕИТ одбележува 60 години постоење

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во рамки на одбележувањето шест децении од основањето, денеска ќе им додели „Златна диплома" на сите студенти кои дипломирале пред 50 години.

Според факултетот, ќе бидат доделени 60-тина дипломи на дипломирани електроинженери од првите генерации. 

Премиерот Заев на форум на „Фајненшал тајмс" за земјите од Западен Балкан

Заев ќе се сретне со заменик-премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Лидингтон, на работен појадок организиран за тројцата премиери од Западен Балкан.

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Обединетото Кралство, каде што на покана од „Фајненшал тајмс" ќе учествува на форум што угледниот британски весник го организира за земјите од Западен Балкан, насловен „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион".

Како што соопштија од владината прес-служба, Заев ќе се сретне со заменик-премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Лидингтон, на работен појадок организиран за тројцата премиери од Западен Балкан.

Предвидено е премиерот Заев да се обрати на премиерскиот панел заедно со премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, на тема „Инвестициски можности и како домашната политика влијае на нив”, а вицепремиерот Анѓушев треба да зборува на сесија заедно со министрите за економија на Косово и Црна Гора, Валдрин Лука и Драгица Секулиќ. По завршување на сесиите се предвидени изјави на премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев, наведуваат од владината прес-служба.

притисни ентер