Пендаровски: Почит кон сите учесници на Шарената Револуција, кои придонесоа Македонија конечно да стане пристојно место за живеење

Денеска е 12-ти април, денот кога почна Шарената револуција, рече претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Кога народот, кога граѓаните во сите македонски населени места, села и градови излегоа масовно да се побунат против криминалната одлука на Иванов, да помилува над педесет мега криминалци од тогашниот режим.

Знаете сите дека, месеци и месеци потоа, сите ние и не само во Скопје, пешачевме километри и километри и се бунтувавме за човекови слободи и права, за рамноправност меѓу сите нас, се боревме за правда, за демократија и за казнивост на криминалците, не за амнестирање.

Сакам во оваа пригода да им се поклонам, да искажам максимална почит кон сите учесници на Шарената Револуција, кои придонесоа Македонија конечно да стане пристојно место за живеење, со демократија, слобода на медиуми, со рамноправност на сите граѓани независно од нивната припадност, етничка, верска или на одредена политичка партија и сакам да се придружам на иницијативата која започна овие денови, за прогласувањето на овој ден, 12-ти Април, како ден на протести, мислам дека тоа има исклучителна, не само политичка симболика, која треба да ни покаже дека и во оваа држава имало настани од нашата скорешна историја, кои треба да ги почитуваме и врз чие убаво искуство, позитивно искуство, можеме да надградуваме нови иницијативи во таа граѓанска сфера кои ќе ја направат подобра и политиката и политичарите и животот на сите нас што живееме во оваа земја.

Голем антивладин протест во Буенос Аирес поради мерките за штедење

Стотици илјади Аргентинци вчера излегоа на улиците на Буенос Аирес на антивладин протест против кратењето на буџетот на државните универзитети, што е најголемиот протест досега против мерките за штедење на претседателот Хавиер Милеи.

Протестите се последниот пример за растечките тензии поради кратењата на владините трошоци кои помагаат да се сменат длабоките фискални дефицити, но предизвикуваат тешкотии во реалната економија.

Маршевите поддржани од Унијата во и надвор од главниот град носеа транспаренти на кои пишуваше „Брани ги државните универзитети“, „Студирањето е право“ и „Горе буџетот, долу планот на Милеи“.

Милеи, кој се справува со наследената економска криза по долгогодишното трошење на владата, спроведува буџетски кратења со „моторна пила“ што и помогна на државата да оствари тримесечен фискален суфицит на почетокот на годината. Но, кратењата извршија голем притисок врз јавниот сектор. Јавните универзитети во Аргентина како УБА, кои нудат бесплатно додипломско образование, во голема мера се потпираат на државно финансирање.

-Образованието е еден од основните столбови на нашата идеологија. Немаме желба да ги затвораме универзитетите, рече портпаролот на претседателот, Мануел Адорни, бранејќи ја позицијата на владата и повика на мирен протест. /МИА

Во Штип отворени 74 избирачки места

Во Штип утрово навреме се отворени 74 избирачки места, а гласањето се одвива мирно и без проблеми, информираше претседателот на Општинската изборна комисија(ОИК)-Штип, Виктор Вацев.

Според избирачкиот список со право на глас се 41.489 граѓани, кои своето избирачко право можат да го остварат на избирчаките места.

МИА утрово беше на гласачкото место 22 92 во гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип. Претседателката на Избирачкиот одбор, Васка Тасева вели дека гласачкото место навреме е отворено, а своето право на глас на ова избрачко место можат да го искористат 896 избирачи.

Изборниот процес почна вчера, кога во домашни услови гласаа 158 болни и изнемоштени. Се гласаше и во КПУ _ затвор _ Штип, каде од 203 регистрирани избирачи од 40 македонски општини, правото на глас го искористиле 144 осуденици или 71 проценти.

Во Росоман и Демир Капија стартуваше гласањето за претседателските избори

Во Росоман и Демир Капија стартуваше гласањето за претседателските избори, од општинските изборни комисии информираа дека навремено се отворени сите избирачки места.  

Вкупно 113 болни и изнемоштени лица од Росоман и Демир Капија и петмина од затвор, беа пријавени за гласање во текот на вчерашниот ден, согласно на законот.

- Во единствениот избирачки список, се запишани 3.289 лица од општина Росоман со право на глас. Од нив, 51 болно и изнемоштено лице, како и двајца од затвор, беа пријавени за гласање за вчера, појасни претседателот на општинската изборна комисија, Александар Чадамов, за МИА.

Во Демир Капија, како што соопшти претседателот на ОИК, Благој Јовановски, 62 болни и немоќни лица, како и тројца од затвор, имаа законска можност да гласаат во текот на вчерашниот ден. Инаку, во Демир Капија се регистрирани вкупно 3.216 гласачи.

притисни ентер