Македонија го победи Исланд на гости, со победа в недела пласман на ЕП

Македонската ракометна репрезентација дојде до огромен триумф против Исланд во Рејкјавик со 33:34.

Македонија му го нанесе првиот пораз на Исланд на домашен терен по цели 13 години.

Последна репрезентација која успеала со триумф да го напушти Рејкјавик е Шведска во 2006 година.

Нашите ракометари дојдоа до победата со гол во последните секунди од мечот и тоа по негатива од дури четири гола во првото полувреме, со што нашите репрезентативци покажаа исклучителна борбеност и карактер на теренот на незгодниот ривал, кој досега имал подобар скор во меѓусебните дуели.

Со вчерашната победа во Рејкјавик нашата репрезентација дојде до четири бода по три одиграни кола.

До крајот остануваат уште толку, а со победа над Исланд во Скопје во недела, нашата репрезентација ќе обезбеди место на континенталниот шампионат.

притисни ентер