Силјановска-Давкова од Карпош : Од Македонија ќе направам пристојна и европска држава

Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова вечерва пред граѓаните на скопската општина Карпош порача дека сака да направи пристојна и европска држава во која ќе владее правото.

Оцени дека СДСМ има недржавнички однос и додаде дека многу набрзо Македонија ќе добие извештај од Европската Унија со интересна форма на чекање на почетокот на преговорите за влез во ЕУ.

– Се прашувам уште колку години треба да се подготвуваме за почеток на преговори. Се разбира дека тоа е доказ за нивната неспособност да се справат со предизвиците на ова време, да ги решаваат проблемите на граѓаните, рече Силјановска-Давкова.

Истакна дека нема правна држава и демократија без просперитетна и стабилна економија што, според неа, не е случај со земјава. Инвеститорите, посочи Силјановска-Давкова, сакаат стабилна економија, а со тоа и сигурност на влогот.

– Економијата не може да цвета во отсуство на правна држава. Луѓето кога вложуваат сакаат сигурност на влогот. Луѓето кога вложуваат сакаат законите да важат подеднакво за сите, луѓето кога вложуваат, сакаат сигурност на добивката, меѓутоа корупцијата и криминалот царуваат во Македонија и не само што ја загрозуваат правната држава, туку и суверенитетот на Македонија, рече Силјановска-Давкова.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски рече дека заедно со народот ќе ја градат иднината на државата и оти нема да ветува многу како што тоа го правеле други досега, туку она што ќе го вети, ќе го оствари. Додаде дека завршило времето на политичари како Пендаровски и Заев и оти доаѓа време на, како што рече, честити луѓе кои ќе ја водат државата.

Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Слот

Ливерпул не ја прекинува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Во текот на изминатите неколку дена, се појави информација дека напаѓачот на Феенорд, Арне Слот моментално е на врвот на потесниот круг на „црвените“. 

Англискиот гигант веќе стапил во контакт со своите колеги во Холандија. Ливерпул чекаа до финалето на Купот на земјата, кое го освои тимот од Ротердам, а потоа почнаа официјални преговори.

Сепак, првата понуда на Ливерпул за Слот беше одбиена од Феенорд, тврди „Атлетик“. Тимот понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот со менаџерот. Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат.

Иако се во преговори за Слот, Ливерпул се уште разговара за други опции за иден тренер.

Минатата кампања, Слот го предводеше тимот од Ротердам до нивната втора титула во Холандија во последните 20 години. Претходната година, Феенорд стигна до финалето на Конференциската лига, каде што загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијастички настроен да го преземе Ливерпул. /MIA

ДИК: Излезноста до 19 часот е 48,46%, најмногу во Новаци- 71,07%

Најголема излазност од 71,07 % е забележана во Новаци , а најмала во Центар Жупа со 16,19% ,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски 

На по едно место во Липково, Могила и Делчево ќе се продолжи гласањето поради кус прекин.

ДУИ: Да им честитаме на сите граѓани, имавме мирен изборен ден

На прес конференција на ДУИ во Мала Речица беше речено дека денека имало мирен изборен ден, како и во целиот изборен процес. Ова е наш заеднички успех.

притисни ентер