Пендаровски од Тетово : Нашите политики значат културолошко и политичко приближување до Европа

Со ваша поддршка за избор на претседател давате ветер во грб на оваа владина структура која за само две години направи многу важни работи за државата како што се договорите со Бугарија, Грција и законот за јазици со што е затворен Охридскиот договор.

-Со сето тоа Северна Македонија ја делат само два месеци од приклучокот кон Европската Унија, каде освен географски се обидуваме и културолошки и политички да бидеме составен дел, порача претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски од митингот во Тетово.

-Десет години државата ја водеше човек кој го делеше народот и се интересираше само за неговите од партијата и етничката заедница. Но ние не велиме така. И пред пет години и сега рековме дека на Македонија и треба заеднички претседател. Наместо пари за споменици и слични глупости време е парите да одат кај народот. Од 2006 до 2016 се иселија повеќе луѓе отколку во првата деценија од самостојноста, рече Пендаровски.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев истакна дека разноликоста блика во Тетово и градот претставува симбол на мултиетничноста.

-Затоа и ние имаме еден кандидат кој обединува, кој ќе биде претседател за сите. Крајно време е да се откажеме од национализмот и популизмот. Некој од Муртино Македонец кој ќе се бори за Албанец, но и Албанец кој ќе се бори за Македонец. Затоа ние се обединивме. За разлика од Мицковски кој вчера од тука од Тетово ми се заканувал. Се заканувал и тој од христијанско братство, но како се заканувал, како христијанин или за Христијан (Мицковски). Во христијанство нема закани туку има помагање, рече Заев.

Тој потенцираше дека во изминатие две години растат бројките на директни странски инвестиции.

-Веќе броиме 635 милиони евра директни инвестици, бележиме економски раст. Сега како членка на НАТО ќе почувтсвуваме што значат инвестиции, надеж и подобра иднина за сите нас, наместо иселувањето, истакна Заев.

Од коалициониот партнер ДУИ, пред присутните се обрати Арбер Адеми кој на македонски и албански јазик истакна дека како одат деновите се поголема е поддршката за Стево Пендаровски.

-Цела Македонија ќе гласа, затоа сме ние обединети за оваа европска опција, рече Адеми.

Новиот електричен Maserati GranCabrio Folgore за целосно визуелно уживање (ФОТО)

Убавицата на Maserati вози на струја, нуди врвни перформанси и целосно визуелно задоволство.

Новото Maserati е доказ дека дури и електричниот погон може да поигрува со емоциите и на најжестоките љубители на суперспортски автомобили. Кога автомобилот изгледа како новото Maserati, тогаш може да му се прости отсуството на соодветна звучна сцена, некогаш V8 мотор, а денес подеднакво импресивен V6 Nettuno.

GranCabrio ја доби верзијата Folgore, што значи дека прекрасниот кабриолет доби електричен погон. Се состои од конфигурација со три електромотори (3x300 kW) и максимална моќност од 830 КС и 1350 Nm. До 100 km/h стигнува за 2,8 секунди, а максималната е 290 km/h.

Во споредба со класичниот GranCabrio, електричната опција има малку изменет преден дел, а со тоа и поаеродинамична форма. Да го додадеме малку неочекуваниот избор на гуми со помал отпор на тркалање, сè со цел да го доведеме дофатот до попристојни вредности. Возат од 419 до 447 km со капацитет на батерија од 92,5 kWh (нето 83,5 kWh), кој може да се полни со моќност до 270 kW.

Некои модерни времиња и во кабината. Дигиталниот кокпит со 12,2-инчен екран е надграден со 12,3-инчен инфозабавен екран и дополнителен 8,8-инчен екран. Аудио системот е потпишан од Sonus, се нуди телеметрија, а опремата е првокласна.

И она што е важно, при брзина до 50 km/h, покривот се отвора за 14 секунди, по што можете да уживате во тивкото крстарење по кривулестите патишта. Истовремено, вратовите на патниците ќе се загреваат со оптимизираната клима.

ДУИ: Загрижени сме од апстиненцијата на ВМРО за членство на Косово во Советот на Европа

ВМРО-ДПМНЕ, освен што планира изолација од Европската Унија, истото го сака и со соседните земји на Македонија.

По замрзнатите односи со соседна Бугарија, ВМРО и Мицкоски сакаат да ја вратат државата во состојбата од пред 2008 година.

Конкретно, денеска пратеникот, воедно потпретседател на ВМРО, Александар Николовски, ниту неговиот заменик Владо Мисајловски, не отпатуваа во Стразбург на состанокот на Парламентарното собрание на Европскиот совет, каде што беше објавена препораката за Косово да се приклучи на Советот на Европа.

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за политиката на поделби и изолација на ВМРО и Мицкоски, притоа отворено прокламирајќи ја руската и српската политика во однос на Република Косово и Албанците воопшто.

Исто така, ја повикуваме албанската опозиција да ги поддржи политиките и ставовите на нашите меѓународни партнери и да не промовира проруски политики кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија и регионот во целина.

Во оваа прилика ги повикуваме граѓаните масовно да ја поддржат кандидатурата на д-р Бујар Османи за претседател на државата и Европскиот фронт како единствена изборна коалиција која го продолжува патот за брзо членство во Европската Унија и за блиска соработка меѓу земјите од Западен Балкан, се наведува во партиското соопштение.

Костов: На Османи не му е прв пат да се истрчува

„Мислејќи дека ќе стане голем дипломат, даде изјава што е рамна на дипломатски скандал“

Бидејќи сме во избори и при техничка влада, не сум сигурен колкав политички и дипломатски капацитет има министерот за надворешни Османи, да се меша во многу сензитивни прашања на нашите соседи и тоа фаќа страна се' во одбрана на каузата во Косово. На Османи не му е прв пат да се истрчува. мслејќи дека ќе стане голем дипломат, даде изјава што е рамна на дипломатски скандал. Да го потсетам дека во БиХ многу одамна се случуваше војна и за таа Сребреница,за која што многу жалам падна министер дури и влада на Хоалндија, а врховниот суд призна делумна вина за т.н. геноцид таму и лично мислам дека меѓународните органи треба добро да ги истераат работите. Таму призната е делумна вина и на Холандија и на ОН и ние не треба да истрчуваме да зборуваме за еден геноцид, а што правиме за злосторствата во Србија, праша Сотир Костов во Само Вистина. Ајде да си ги гледаме изборите и да си избереме Претседател, а по оваа изјава Османи си ги запечати изборите, нема да влезе во вториот круг кој што тој сигурно го најавува, а не му е така лоша кампања. Сега вака не скара со еден сосед, а претходно истото го направи и со Бугарија, рече Костов.

притисни ентер