Хаос во Амстердам –Уапсени 120 вооружени навивачи на Јувентус

Во центарот на Амстердам на станицата на подземната железница , полицијата уапси десетици навивачи на Јувентус , кои со себе носеле најразновидно оружје.

Навивачите на Јувентус сакале да заминат на стадионот , на натпреварот на нивнуиот тим со Ајакс вооружени со ножеви ,чекани , палки , штрафцигери , даски и слични предмети.

Хoландската полиција ги спречи италијанските навивачи да дојдат на Арената Јохан Кројф , а десетици од најагресивните , беа приведени .

На помош на холандските полицајци им дошле колегите од Италија , кои им помогнале да ги препознаат домашните хулигани.

Но , навивачите на Јувентус , кои успеаја да ја избегнат полициската контрола , направија вистински хаос во Амстердам , па дури и запалија огномет.

Нејмар си заминува од ПСЖ , сака во Барселона

Се погласни се шпекулациите дека бразилскиот фудбалер Нејмар ќе го напушти францускиот ПСЖ .

Пред две години Нејмар ја напушти Шпанија и премина во парискиот клуб за највисокиот трансфер во историјата вреден 222 милиони евра. За овие две години имаше големи проблеми со повредите, па сепак ПСЖ ја освои националната титула , иако не беше ни блиску до трофејот на Лигата на шампионите.

Нејмар на претседателот на ПСЖ му рекол дека  сака да се врати дома , од каде не требало ни да замине , алудирајќи на Барселона.

На тоа се надоврза и неговиот пријател , фудбалерот на Барселона, Габриел Медина , кој на Инстаграм објави фотографија на која се Нејмар и Меси со коментар ,,Не можам да дочекам.”

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Saudade do que a gente já viveu!

A post shared by Futebol (@instaplaysss) on

Гвардиола тргна во трка со Јунајтед – нуди 95 милиони евра за напаѓач

Долго се очекуваше Манчестер Сити да се вклучи во летниот преоден рок , а според италијанските медиуми , Пеп Гвардиола и раководството на тимот оваа недела почнуваат со наддавањето.

Сити се поврзува со трансферот на Родри од Атлетико Мадрид и уште неколку фудбалери. Но , најголема желба на англискиот првак е Калиоду Кулибали од Наполи , за кого Сити понуди 95 милиони евра.

Сенегалецот е на листата за трансфер и на манчестер Јунајтед , па ова лето се очекува голема битка меѓу лутите конкуренти. Сопственикот на Наполи , Аурелио Де Лаурентис, неколку пати повтори дека би го продал својот најдобар играч само доколклу добие астрономска понуда.

Не наведе колку , но италијанските медиуми шпекулираат дека цената нема да биде пониска од 100 милиони евра.

И Наполи се подготвува за трансфери , така што смета на фудбалерот на Рома, Костас Манолас , кој има клаузула од 35 милиони евра.

Неверојатен резултат на кошаркарски натпревар: САД-Салвадор 114:19

На женското кадетско првенство во кошарка можеа да се видат нереални сцени од натпреварот меѓу младите Американки и Салвадорки.

На сеамериканското У-16 првенство кошаркарките на САДФ ги победија врсничките од Салвадор со неверојатен резултат од 114:19.

Кадетките на САД победија со 95 коша разлика со 33 офанзивни скока повеќе поради разликата во височина. Највисоката кошаркарка на Салвадор е Силвија Вега (184см) , а највисоката Американка е Лорен Бетс со 210 см.

Просечната височина на американските кошаркарки била 186см, дури за 14 сантиметри повеќе од Салвадорките . Натпреварот се одигра во чилеанскиот град Авсен.

притисни ентер