Само 13 отсто од жените се изјасниле дека користат контрацепција

Само 13 отсто од жените во земјава во истражување на УНИЦЕФ се изјасниле дека користат модерни контрацептивни средства, само 1,6 отсто користат орална контрацепција, а два отсто интерутерална влошка. 

Над 17,2 од паровите би сакале да ги користат, но не знаат каде да се обратат ни што би можеле да користат. Работите треба да се менуваат во насока на тоа дека контрацепцијата не е само заштита од нескана бременост, туку и остварувања на правата, давање избор и моќ на жената, рече претседателот на Здружението на гинеколози и опстетричари и национален координатор за сексуално и репродуктивно здравје, Глигор Тофоски.

Тој додаде дека податоците на Институтот за јавно здравје, пак, покажуваат дека многу е низок процентот на жени и адолесценти кои побарале прв совет за планирање семејство и користење контрацепција. Тоа го направиле само 1,2 отсто од жените во репродуктивниот период, и само еден отсто од адолесцентките.

-За жал употребата на контрацепцијата е многу ниска во однос на географскиот регион во кој се наоѓаме и нивото на развој на земјата и општеството, рече тој на прес-конференција по повод објавувањето на Извештајот на УНФПА за состојбата на населението во светот 2019 кој е насловен „Недовршена работа – во потрага по права и избор ЗА СИТЕ".

Додаде дека за да се надминат ваквите состојби потребни се континуирани кампањи, обуки на семејните лекари и патронажните сестри, државна поддршка на ранливите категории граѓани, не само на социјална основа, туку и младите и адолесцентите, едукација на момчињата…

Податоците со кои тој располага покажале дека еден долар инвестиран во оваа цел, заштедува 1,47 долари во здравствениот систем. Ова, заедно со тестирањата и скрининзите за рано отктивање сексуслни заболувања, рече, може да заштеди и до седум долари.

Помошник-претставник на Канцеларијата на УНФПА во држвава Афродита Шаља – Плавјанска, вели дека контрацепцијата е право на избор на жената, со цел таа да може да го планира својот живот, но и да се заштити од сексуслно преносливи болести.

Таа, рече, треба да овозможи и реализирање на зацртаните цели за нула мајчинска смртност, но и нула за штетни практики за родово базирано насилство, рани бракови и бремености.

Контрацепцијата, вели програмската менаџерка во Здружението ХЕРА –Асоцијација на здравствена едукација и истражување, Весна Матевска, во никој случај не значи намалување на фертилитетот на жените и намалување на наталитетот во земјата.

Зголемувањето на моќта на жената за репродуктивен избор, според неа, значи дека таа ќе може да се образува, да работи, да направи кариера, но и да ја намали можноста за непланирани или несакани бремености по кои децата би се гледале повеќе како товар и пречка.

Извештајот одбележува два важни настана во областа на репродуктивното здравје –50 години од основањето на УНФПА (UNFPA50) и 25 години од одржувањето на Меѓународната конференција за население и развој (ICPD25). – Со ова се поставија постулатите на целите на УНФПА, како што се севкупен пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје, вклучително и семејно планирање и методи на контрацепција, намалување на мајчина и новороденечка смртност, превенција и третман на сексуално преносливи инфекции, како и јакнење на улогата на жената и девојчињата во сите сфери на општеството, информира Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации. /МИА.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

притисни ентер