АВМУ до ДИК треба да достави извештај за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите

На радијата и телевизиите кои врз основа на склучени договори со учесниците во изборните процеси ќе емитуваат платено политичко рекламирање на претседателските кандидати и на кандидатите за градоначалници во општините Дебар, Ново Село и Охрид.

Скопје, 10 април 2019 (МИА) – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска од податоците на радиодифузерите за емитуваното платено политичко рекламирање во првата недела од кампањата за избор на претседател и за градоначалници на Ново Село, Охрид и Дебар треба да достави сублимиран извештај до Државната изборна комисија која, пак, треба на радиодифузерите да им исплати средства за емитуваното платено политичко рекламирање.

Според Изборниот законик, пред исплата на трошоците за емитуваното ППР од страна на ДИК, Агенцијата е должна да достави извештај за вкупното времетраење на ова рекламирање што било емитувано кај секој радиодифузер, првпат на 10-от ден од изборната кампања, а вторпат на 7-от ден по завршување на кампањата. Оттаму, во согласност со Упатството што Советот на Агенцијата го усвои на 29 март 2019 година, радиодифузерите имаат обврска да достават податоци во Агенцијата за емитуваното платено политичко рекламирање.

На радијата и телевизиите кои врз основа на склучени договори со учесниците во изборните процеси ќе емитуваат платено политичко рекламирање на претседателските кандидати и на кандидатите за градоначалници во општините Дебар, Ново Село и Охрид, трошоците, согласно Изборниот законик, ќе им ги исплати ДИК врз основа на доставени фактури. Секој радиодифузер кон фактурите треба да приложи медиа план и извештај за реализирана услуга потпишан и од радиодифузерот и од нарачателот на рекламирањето, односно учесникот во изборна кампања.

Радиодифузерите податоците до АВМУ требаше да ги достават до 9 април.

Според роковникот на ДИК, вториот извештај АВМУ треба да го достави до Комисијата на 26 април, за првиот круг на изборите, и на 10 мај за евентуалниот втор круг.

ДИК треба да ги иплати трошоците за објавеното платено политичко рекламирање на 12-тиот ден од почетокот на изборната кампања и 10 дена по завршувањето на изборната кампања.

Учесниците во изборната кампања, пак, се должни утре, односно на 11-тиот ден од изборната кампања да поднесе финансиски извештај со спецификација на трошоците на жиро сметката за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до крајот на десеттиот ден од изборната кампања./МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер