Фернандо Алонсо го лови хет – трикот што му успеал само на еден возач во историјата

Само еден возач во историјата успеал да го освои познатиот хет- трик и тоа Големата награда на Монте карло, 24 часа Ле Ман и Индијанополис 500.

,,Светото тројство” на авто – мото светот до сега успеал да го освои само покојниот британски возач Греам Хил во шеесетите и седумдесетите години на минатиот век. Фернандо Алонсо на 38 годишна возраст има шанса да го повтори успехот на Хил .

Тој лани се пензионира и ги напушти трките на Формула 1 , а потоа победи на трката ,,24 часа Ле Ман”.

Освен тоа , два пати до сега ја освојуваше наградата Големата награда на Монте Карло. Сега му недостига само победа во Индијанополис 500 .

За таа цел денеска МекЛарен го претстави новиот болид , со кој идниот викенд Шпанецот ќе излезе на патеката во Индијанополис.

Главна цел на Алонсо му е да докаже дека е најдобар возач на светот , нешто што во Формула 1 смета дека не може да се постигне без вистински силен болид.

притисни ентер