Пендаровски во Демир Капија: Заедно напред кон Европа, за подобра иднина, развиено земјоделство и обезбеден пласман

Како претседател на државата се обврзувам дека неуморно ќе работам на довршувањето на процесот на нашето зачленување во НАТО .

Ќе бидам предводник на реформските процеси што ќе доведат до скоро членство на нашата држава во ЕУ, порача од Демир Капија заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски.

Пендаровски додаде дека напредокот кон ЕУ отвроа можности за искористување на фонодивите за развиено земјоделство и што е поважно, конкурентност на нашите земјодески производи на пазар од 500 милиони жители.

-Ги поддржувам политиките на Владата и на Парламентот што носат перспективи за земјоделците, нови и добро платени работни места, нови директни домашни и странски инвестиции, социјална сигурност, грижа за ранливите групи во нашето општество и севкупен економски и социјален развој. Границите на Република Северна Македоија сега се гарантирани од светските сили, тоа е најголемиот дострел. На иста маса седиме со најмоќните држави и ја прашуваат Северна Македонија што мисли. Сега е време да продолжиме напред, за да се посветиме на темите за подобар живот“, рече Пендаровски.

ВМРО-ДПМНЕ на Извршен и Централен ги утврдува пратеничките листи

ВМРО-ДПМНЕ одржува седници на Извршниот и Централниот Комитет на кои треба да ги утврди целосните пратенички листи, откако претходно ги обелодени носителите во сите шест изборни единици.

Од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ја вклучуваме Михаела Димовска..

Михаела познати ли се веќе кандидатите за идни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ?

Ахмети и Османовска го потпишаа коалицискиот договор за приклучување на Унија на Ромите

Претседателката на Унија на Ромите, Фатима Османовска и лидерот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети, денеска во општина Шуто Оризари го потпишаа коалицискиот договор за приклучување на Унија на Ромите кон Европскиот фронт.

Османовска порача дека Ромите ќе влезат во Европската Унија како рамноправни со сите граѓани, бидејќи како што рече, ромската заедница има високо образовен и стручен кадар, како и ромска политичка партија, за која рече, обединува и организира.

- Како заедница со децении наназад молиме за да се створи шанса за нас, ни велеа немате образовен кадар, немате политичка моќ, не сте организирани. Еве сме сега со високо образовен и стручен кадар со ромска политичка партија која што обединува и организира. Застанати пред европската врата, Ромите ќе влезат во ЕУ како рамноправни со сите граѓани, порача Османовска.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во своето обраќање истакна дека големо достигнување е тоа што Општина Шуто Оризари е единствената општина на ромска заедница во Европа и ѝ укажа на Османовска дека ја има поддршката од Албанците, бидејќи како што рече, тие знаат како е да се биде маргинализиран.

– Претседателке вие нема потреба да поставувате барања, нашата поддршка несомнено ја имате, ние знаеме како е да се биде маргинализиран и затоа ќе се залагам повеќе за вас отколку за мене. Со целосна одговорност ви ветувам, пробајте нѐ да видите какви партнери сме, не со зборови, туку со дела. Нашата земја мора да се интегрира во ЕУ и да има владеење на правото, а тоа заедно како Европски фронт мора тоа да го постигнеме. ДУИ ќе направи сѐ што е потребно за во Собранието да има ромска претставничка, порача Ахмети.

На прес-конференцијата посветена на потпишувањето на коалицискиот договор беше присутен и градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој изрази жалење што претходните политичари не ја препознале приликата да ја искористат можноста на Рамковниот договор, онака како што го искористиле Албанците.

– Жалам што претходните политичари не ја препознаа оваа прилика да се искористи Рамковниот договор рака како што го искористија Албанците да бидат рамноправни со Македонците. Со овој договор Ромите ќе почнат да живеат сонот кој требаше да започне уште пред 24 години, рече Дудуш.

Полска тврди дека НАТО прави планови за соборување на руски проектили

НАТО ги разгледува плановите за соборување руски ракети доколку се приближат до границите на алијансата, тврди Полска, откако проектил залутал во нејзиниот воздушен простор.

Анджеј Шејна, заменик-министер за надворешни работи на Полска, изјави за локална радио станица дека „различни концепти се анализираат во рамките на НАТО... вклучително и соборување на такви проектили кога тие се многу блиску до границата на Алијансата“,пишува Телеграф.

„Но, тоа би морало да се случи со согласност на украинската страна и земајќи ги предвид меѓународните последици“, додаде тој.

Во неделата вечерта, Варшава соопшти дека руската крстосувачка ракета истрелана на цел во западна Украина поминала околу 1,6 километри во полскиот воздушен простор, поминувајќи 39 секунди.

Полското Министерство за одбрана ги активираше системите за противвоздушна одбрана и борбените авиони на НАТО, Ф-16 откако објектот залута преку границата на Алијансата во близина на Осердово, село во земјоделски регион во близина на границата со Украина.

Крстосувачките проектили можат да ја променат својата траекторија во воздух за да избегнат одбранбени системи.

Владислав Косинијак-Камис, полскиот министер за одбрана, подоцна им изјави на новинарите дека проектилот би бил соборен доколку имало знаци дека се движи кон цел во Полска.

Една од опциите за одбрана е да се соборат ракетите пред да преминат од Украина во воздушниот простор на НАТО. Сепак, ова може да го искористи Москва како оправдување за ескалација во поширок конфликт надвор од границите на Украина.

Претходните лансирања на руски ракети и беспилотни летала во воздушниот простор на НАТО останаа без одговор, и покрај сугестиите дека членот 5 на алијансата за взаемна одбрана може да биде активиран како одговор на таков инцидент.

Во вторникот САД објавија дека се подготвени да ги исполнат обврските кон НАТО и да ја бранат Алијансата во случај на напад.

Запрашана за изјавите на Полска, Сабрина Синг, портпаролка на Пентагон, рече: „Она што го зборуваше администрацијата е дека ќе ја браниме секоја педа од НАТО“.

притисни ентер