Хулигани со боксирачи и тупаници претепаа фудбалски судија (ВИДЕО)

Младиот босански судија Хусеин Свракиќ ќе го запамети вчерашниот бнатпревар од пониската лига меѓу тимовите на Полет и Омезиќ 1937.

Гостите победија со 1:0 , кога домашните хулигани влегоа на теренот и го нападнаа судијата Свракиќ , кој за малку ќе го изгубеше животот. Незадоволните навивачи ги удираа судијата со боксерки и со нозе . Дваесетина се страчаа кон него и го кутнаа на земја , а потоа почнаа да го тепаат. Судијата , едвај успеа да стане и да избега во соблекувалната кај домашните играчи , за да ја дочека таму полицијата.

,,Успеав некако да се извлечам , и самиот не знам како. Стигнав до соблекувалната на домашните играчи , кои ме заштитија до доаѓањето на полицијата. Подоцна ме однесоа во болница , каде беа утврдени повреди на главата и грбот. “ , изјави судијата за босанските медиуми.

Пред неколку дена уште еден инцидент го одбележа натпреварот на босански фудбалски клубови од пониската лига , кога еден од навивачите со истрели од пиштол ја поздравуваше победата на неговиот тим .

Натпреварот меѓу Турија и Стјепан Полје бил прекинат со победа на домашниот тим од 2:0.

Нејмар си заминува од ПСЖ , сака во Барселона

Се погласни се шпекулациите дека бразилскиот фудбалер Нејмар ќе го напушти францускиот ПСЖ .

Пред две години Нејмар ја напушти Шпанија и премина во парискиот клуб за највисокиот трансфер во историјата вреден 222 милиони евра. За овие две години имаше големи проблеми со повредите, па сепак ПСЖ ја освои националната титула , иако не беше ни блиску до трофејот на Лигата на шампионите.

Нејмар на претседателот на ПСЖ му рекол дека  сака да се врати дома , од каде не требало ни да замине , алудирајќи на Барселона.

На тоа се надоврза и неговиот пријател , фудбалерот на Барселона, Габриел Медина , кој на Инстаграм објави фотографија на која се Нејмар и Меси со коментар ,,Не можам да дочекам.”

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Saudade do que a gente já viveu!

A post shared by Futebol (@instaplaysss) on

Гвардиола тргна во трка со Јунајтед – нуди 95 милиони евра за напаѓач

Долго се очекуваше Манчестер Сити да се вклучи во летниот преоден рок , а според италијанските медиуми , Пеп Гвардиола и раководството на тимот оваа недела почнуваат со наддавањето.

Сити се поврзува со трансферот на Родри од Атлетико Мадрид и уште неколку фудбалери. Но , најголема желба на англискиот првак е Калиоду Кулибали од Наполи , за кого Сити понуди 95 милиони евра.

Сенегалецот е на листата за трансфер и на манчестер Јунајтед , па ова лето се очекува голема битка меѓу лутите конкуренти. Сопственикот на Наполи , Аурелио Де Лаурентис, неколку пати повтори дека би го продал својот најдобар играч само доколклу добие астрономска понуда.

Не наведе колку , но италијанските медиуми шпекулираат дека цената нема да биде пониска од 100 милиони евра.

И Наполи се подготвува за трансфери , така што смета на фудбалерот на Рома, Костас Манолас , кој има клаузула од 35 милиони евра.

Неверојатен резултат на кошаркарски натпревар: САД-Салвадор 114:19

На женското кадетско првенство во кошарка можеа да се видат нереални сцени од натпреварот меѓу младите Американки и Салвадорки.

На сеамериканското У-16 првенство кошаркарките на САДФ ги победија врсничките од Салвадор со неверојатен резултат од 114:19.

Кадетките на САД победија со 95 коша разлика со 33 офанзивни скока повеќе поради разликата во височина. Највисоката кошаркарка на Салвадор е Силвија Вега (184см) , а највисоката Американка е Лорен Бетс со 210 см.

Просечната височина на американските кошаркарки била 186см, дури за 14 сантиметри повеќе од Салвадорките . Натпреварот се одигра во чилеанскиот град Авсен.

притисни ентер