Бугати подготвува СУВ со најмалку 1 000 Кс

Откако Ламборџини го претстави Урсус , а Ферари ги потврди сличните планови , беше само прашање на време кога и Бугати ќе почне со изработка на најпродаваниот вид возило – СУВ.

Иако ги засенија конкурентите со прескапиот суперлуксузен Хирон , во Бугати работат на проширување на понудата , што ќе се случи во 2023 година. Веќе и се знае дека почнуваат со два модела.

Британските медиуми дознаваат дека предлогот за новиот СУВ на Бугати е веќе готов и се чека да го одобрат првите луѓе на компанијата. Поточно , формата на класдичниот СУВ малку е изменета во корист на хибриден кросовер.

За разлика од Урсус , ќе има и две врати помалку. Моторот ќе биде 4.0 V8 , но во комбинација со еклектромотор и синергиски максимум од 1 000 Кс.  Ќе се разликува од  скапоцениот и редок Хирон , по тоа што Бугати планира новото возило да го произведува во 800 примероци годишно.

притисни ентер