Пристигнува најсилниот Голф во историјата – ќе има над 400 Кс

Во германски Фолксваген се актуелизира идејата за изработка на Супер-Голф.

Сепак , тоа ќе биде возможно да се направи дури на новата генерација на Голф , што значи дека овој модел би се викал Голф Р Плус. Се уште не е дадено зелено светло , па сепак шансите не биле никогаш поголеми.

Дури и првиот човек на Фолксваген, Херберт Дајс сака што побргу да биде изработен овој нов Голф. Уште повеќе зашто конкурентите Мерцедес и Ауди почнуваат со изработка на такви модели како Mercedes-AMG A45, односно Quattro Sport од Ауди.

Тоа би значело дека Голф добива најмалку 400 коњаски сили , седумстепен менувач на две нивоа и погон на сите четири тркала.

Според германските медиуми , Golf R Plus  се развива во седиштето на компанијата во градот Брауншвајг , а според најавите целта е да достигнува 0-100 км/час за помалку од 5 секунди .

Сегашниот Р-400 оваа брзина ја достигнуваше за 3,9 секунди со максимнални 280 км/час.

притисни ентер