Живеат од нафта, а купуваат поголем број на електрични од дизел и бензински возила

Оваа година Норвежаните купиле 58,4% отсто автомобили на електричен погон, што само ја зацврсти оваа скандинавска земја како лидер во примената на еколошки прифатливите возила.

Само во март 2019 година во Норвешка се регистрирани 18.375 нови автомобили, од кои 10.732 се електрични возила.

Тоа е двојно повеќе во однос на март 2018, меѓутоа забележан е пад на регистрираните хибридни возила.

Најпродаван автомобил е Тесла модел 3 со 5.315 регистрирани единици.

Целта на Норвешка, која е една од најголемите извозници на нафта во светот, е до 2025 година да престане со продажбата на автомобили на конвенционален погон.

Владата на Норвешка ги охрабрува своите граѓани да купуваат електрични возила низ разни субвенции, како ослободување од ДДв и данок на издувни гасови, потоа поевтина царина, патарина, паркинг, траект...

притисни ентер