Youth Fest – Фестивал на Младински Совет на Амбасада на САД во Северна Македонија

Фестивал за младите Youth Fest организира денеска Младинскиот Совет на Амбасада на САД во Република Северна Македонија, што ќе се одржи во Младинскиот културен центар.

Како што соопшти Младинскиот совет на американската амбасада, целта на овој фестивал е да „се прослават приказните на младите луѓе кои не мотивираат да се стремиме кон еден подобар стандард и да се бориме за нашите идеали".

– Идејата која сака да се искомуницира со фестивалот и е интерактивната изложба со приказни на младите луѓе во оваа држава. Нивните приказни се посочени на препреките со кои се соочуваат младите луѓе, оние од општеството и оние кои си ги поставуваме самите себе си, како и поддршката и мотивацијата на која треба да се фокусираме. Фестивалот сака да го искомуницира и одговори прашањето „Што им е важно на младите", се наведува во соопштението.

Во рамки на фестивалот ќе свират два бенда, ќе настапат и два диџеја. додека во позадината ќе има базар со локални креативци и нивните уникатни производи. Учество ќе земе и Американското катче со нивни друштвени игри а ќе се одржи и дискусија на тема „Зошто да останеме?" (во оваа држава).

Фестивалот е со почеток во 12 часот, а е поддржан од Амбасадата на САД во земјава. /МИА.

Петчлено семејство од Оклахома, меѓу кои и две деца, се убиени во нивниот дом

Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.

Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјавил дека загинатите биле семејство и умреле од насилна смрт, пренесува ABC News.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно пронашле инспекторите.

Полицијата била испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека има тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство.

Хаос во Денвер: Брат му на Јокиќ претепа навивач во публиката (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари.

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари, но вистинскиот хаос беше виден на трибините во режија на браќата на Никола Јокиќ.

Имено, на видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се видат браќата на Јокиќ кои се во клинч со навивач, не се знае дали се работи за навивач на Нагетс или Лејкерс, но таму било и семејството на Јокиќ.

Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола, во еден момент жестоко се скарал со некој од трибините, тргнал кон него, а потоа го удрил со бокс.

Вториот брат на Јокиќ веднаш дошол да го смири Страхиња, а таму биле и сопругата на Никола, Наталија и ќерката Огњена, кои веднаш заминале.

@cgallegos67 #nuggets #nba #lakers #jokic ♬ original sound - Christian

Млад странски работник е убиен во Хрватска, најверојатно Украинец

Во центарот на Славонски Брод попладнево било пронајдено машко тело.

Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот, објави Индекс.

Danas.hr дознава дека се работи за млад градежен работник од Украина. Тие наведуваат и дека конфликтот се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).

За потсетување, полицијата соопшти дека околу 15:17 часот во куќата било пронајдено тело на маж и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.

притисни ентер