За покажување среден прст , НБА ѕвезда казнета со 15 000 долари

Кошаркарот Ентони Дејвс , ѕвезда на Њу Орлеанс Пеликанс , казнет е со 15 000 долари зашто му покажал среден прст на навивач.

По поразот од Шарлот Хорнетс , му покажа среден прзст на навивач , кој го навредувал. Дејвис во последно време е уште повеќе нервозен , зашто побара на две недели пред рокот за менување играчи да ги напушти Пеликанс , зашто не гледа можност за освојување наслов во франшизата , што го избра како прв на драфтот во 2012.

Лејкерси беа заинтересирани дури и да го понудат целиот роустер , освен Ле Брон Џејмс во замена за Дејвис, но Пеликанс ги одбија.

притисни ентер