Видео: Спектакуларно киднапирање на фудбалер за време на натпревар!?

Натпреварот меѓу два клуба од пониските фудбалски лиги во Италија е прекинат поради слетување на хеликоптер, од кого истрчале вооружени и маскирани луѓе и го киднапирале фудбалерот Барбагала. 

Фудбалерот која на овој натпревар се простувал од фудбалот.

Игнацио Барбагала се подготвувал да ја напушти играта за последен пат во долгата кариера и по 20 години минати во ниските лиги да замине во пензија, кога на теренот во сицилијанското гратче Вилаграндеу „од ведро небо“ се појавил хеликоптер со вооружени и маскирани киднапери.

Во прашината која се подигнала поради хеликоптерот , киднаперите пред очите на сите фудбалери од домашниот тим Вилагранде и гостинскиот Небродија му пришле на Барбагала и го одвлекле во хеликоптерот кој веднаш заминал во непознат правец, оставајќи ги присутните во шок.

Всушност, во шок биле сите освен соиграчите на Барбагала, кои знаеле за оваа луда идеја на „Сицилијанскиот Реми Гаљар“ човекот кој покрај фудбалот имал само уште една страст, скриената камера!

Во „ремек делото“ на Барбагала прво поверувале сите присутни, но фудбалерите од противничкиот тим сфатиле што навистина се случува кога од облакот на прашина се појавил еден од соиграчите на Барбагала со транспарент „Елиминација за „готовиот“ фудбалер“.

Ваквото спектакуларно простување од фудбалот воопшто не му се допаднало на комесарот за натпреварување на Третата сицилијанска лига. Тој го казнил тимот на Барбагала, Вилагранде и парично и со забрана на играње на натпревари до крајот на мај, што значи дека клубот ќе ги загуби сите следни средби.

За среќа Вилагранде не може да испадне од оваа лига поради тоа што не постои понизок ранг од оваа лига.

(20.41 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 50% : Силјановска 196342 , Пендаровски 92575 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 50 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 100.000 гласови пред Пендаровски

Стојановска: Убедливо водство на Гордана Силјановска-Давкова

Пратенилката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановсака ги објави најновите податоци за резултатите од гласањето.

Како што рече Стојановска , во водство е кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Тошковски: Изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера

Изјава за медиуми на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Тошковски и Бојмацалиев констатираа дека денешниот изборен ден поминал во мирна, безбедна и демократска атмосфера, онака како што доликува на демократска земја која се стреми да биде дел од современиот западен свет.

притисни ентер