Киднапирање среде фудбалски натпревар – клубот казнет до крајот на сезоната(ВИДЕО)

Италијанскиот фудбалер Игнацио Барбагало на 55 годишна возраст решил на спектакуларен начин да го заврши последниот натпревар во својата кариера.

Тој среде натпреварот во пониската италијанска лига решил да инсценира сопствено киднапирање. На натпреварот меѓу наговиот клуб Чита де Виагранде и Наброди , слета хеликоптер на теренот. Од него излегоа маскирани луѓе , па едниот дури и му впери пиштол на фудбалерот и го качија во хеликоптерот. неговите соиграчи беа шокирани , но уште повеќе се вознемирија кога стигна казната од Фудбалскиот сојуз.

За лажното киднапирање на Барбагало му е забрането да игра фудбал , казна што не му значи многу зашто и така се прости од кариерата. Но , тимот е казнет со забрана да игра на свој терен до крајот на сезоната.

,,Поради загрозување на безбедноста на сите присутни и прекин на натпреварот со дозвола за слетување на хеликоптер на теренот каде се игра натпревар. “ , се наведува во официјалното соопштение.

Игнацио , инаку е познат во Италија по своите шеги и видеопораки на социјалните мрежи.

Култниот италијански клуб се продава за едно евро

Италијанскиот фудбалски клуб Фоџа , кој годинава испадна од вртората и ќе игра во третата лига, од денеска е на продажба за симболична цена од 1 евро.

Семејството Санела , кое ја купи Фоџа пред две години , не може веќе да го финансира клубот и интензивно бара финансиер , кој би го вратил барем малку сјајот на стариот клуб.

Поради финансиски малверзации , Фоџа минатата сезона ја почна со казнени 15 бода во минус , што подоцна беа намалени на шест. Доколку не и беа одземени поените , Фоџа ќе опстанеше во втората лига.

Постарите ја паметат Фоџа од крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години на минатиот век , кога беше хит тим на италијанскиот и европскиот фудбал.

Во тоа време италијанската лига беше најсилна на светот , а Фоџа беше еден од тимовите , кои играа одлично под водство на тренерот Зденек Земан од 1989 до 1995 година.

Македонските каратисти од Европското првенство во традиционално карате се вратија со 8 медали

Макадонските каратисти на Европското првенство во традиционално карате во Питешти , Романија освоија 8 медали од кои 3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени.

Македонската репрезентација во традиционално карате на ЕП во Питешти, Романија имаше одличен настап освојуваќи вкупно 8 медали 3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали.

Златните медали ги освоија Дејан Недев и Јадранка Недеви во кати за сениори, Мила Саздова во кого кумите, сребрени медали освоија Матеј Ангеловски во кого кумите и Мила Саздова во фукуго.

Бронзени медали освоија Ристо Сакалиев во кумите за ветерани и Антонија Белазелкоска во кати и фукуго во кадетска конкуренција. Европското Првенство го отвори Министерот за спорт и млади на Романија Богдан Матеи, а првенството  беше организирано на Универзитетот Питешти на највисоко ниво.

На ЕП учествуваа 387 натпреварувачи од 24 земји , соопшти Македонската карате федерација.

Македонија како лидер во групата оди на ЕП

Македонија со победа над Грција го заврши квалификацискиот циклус за ЕП 2020.

Вчеравечер  во Струмица, Македонија славеше победа од 27-23 (13-11) и воедно го освои првото место во групата што носи привилегиран статус во ждрепката.

Грција благодарение на трите одбрани на нивниот голман од почетокот на натпреварот по десет минути водеа 6-3 потоа 7-4. Грција имаше водство 20-тина минути од натпреварот,  Македонија беше блиску но не успеваше да израмни. Но, во 23 минута стигнавме до 9-9, во 26 минута го имавме и првото водство на натпреварот за на полувреме Македонија да има предност 13-11,

Во вториот дел имаше репрезентацијата на Македонија имаше целосна контрола и резултатска предност која на моменти изнесеуваше и пет гола.

Грција не успеа во ниту еден момент да го загрози водството на Македонија, а во финишот дури и остави простор за атракции на македонската селекција. Конечен резултат на натпреварот е 27-23 за Македонија.

Најефикасен ракометар во македонската репрезентација беше капитенот Кирил Лазаров со шест погодоци, потоа Филип Талески и Жарко Пешевски постигнаа по пет гола, додека за репрезентацијата на Грција најефикасен беше Димитриос Цирас со шест гола.

Нашите ракометари со четири победи и по еден пораз и реми ја завршија квалификациската група, Македонија ќе биде во вториот шешир на ждрепката и своите противници за ЕП 2020 година ќе ги дознае на 27 јуни.

притисни ентер