Икопале гроб на теренот на словенски прволигаш

Фудбалерите на ФК Кршко не можеле да поверуваат што гледаат кога вчера дошле на стадионот.

Среде теренот на стадионот ,,Матија Губец” , некој ископал гроб и поставил крст и тоа пред неделното дерби против тимот на Триглав. вандалите покрај гробот ја ископале и тревата во облик на буквите Б и О , што според словенските медиуми биможело да ги озмначува имињата на претседателот на клубот , Зоран Омерз и спортскиот директор Антонио Брдик.

Се смета дека пораката е насочена кон раководството на клубот , кое го довела клубот во тешка ситуација. Кршко во моментов е на последно место пред излегување од првата лига. Полицијата трага по извршителите на овој вандалски чин.

Во регионот , сличен вандалски чин и искпани гробови на тревник за играчите му се случи на хрватски Хајдук во 2003 година.

Нејмар си заминува од ПСЖ , сака во Барселона

Се погласни се шпекулациите дека бразилскиот фудбалер Нејмар ќе го напушти францускиот ПСЖ .

Пред две години Нејмар ја напушти Шпанија и премина во парискиот клуб за највисокиот трансфер во историјата вреден 222 милиони евра. За овие две години имаше големи проблеми со повредите, па сепак ПСЖ ја освои националната титула , иако не беше ни блиску до трофејот на Лигата на шампионите.

Нејмар на претседателот на ПСЖ му рекол дека  сака да се врати дома , од каде не требало ни да замине , алудирајќи на Барселона.

На тоа се надоврза и неговиот пријател , фудбалерот на Барселона, Габриел Медина , кој на Инстаграм објави фотографија на која се Нејмар и Меси со коментар ,,Не можам да дочекам.”

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Saudade do que a gente já viveu!

A post shared by Futebol (@instaplaysss) on

Гвардиола тргна во трка со Јунајтед – нуди 95 милиони евра за напаѓач

Долго се очекуваше Манчестер Сити да се вклучи во летниот преоден рок , а според италијанските медиуми , Пеп Гвардиола и раководството на тимот оваа недела почнуваат со наддавањето.

Сити се поврзува со трансферот на Родри од Атлетико Мадрид и уште неколку фудбалери. Но , најголема желба на англискиот првак е Калиоду Кулибали од Наполи , за кого Сити понуди 95 милиони евра.

Сенегалецот е на листата за трансфер и на манчестер Јунајтед , па ова лето се очекува голема битка меѓу лутите конкуренти. Сопственикот на Наполи , Аурелио Де Лаурентис, неколку пати повтори дека би го продал својот најдобар играч само доколклу добие астрономска понуда.

Не наведе колку , но италијанските медиуми шпекулираат дека цената нема да биде пониска од 100 милиони евра.

И Наполи се подготвува за трансфери , така што смета на фудбалерот на Рома, Костас Манолас , кој има клаузула од 35 милиони евра.

Неверојатен резултат на кошаркарски натпревар: САД-Салвадор 114:19

На женското кадетско првенство во кошарка можеа да се видат нереални сцени од натпреварот меѓу младите Американки и Салвадорки.

На сеамериканското У-16 првенство кошаркарките на САДФ ги победија врсничките од Салвадор со неверојатен резултат од 114:19.

Кадетките на САД победија со 95 коша разлика со 33 офанзивни скока повеќе поради разликата во височина. Највисоката кошаркарка на Салвадор е Силвија Вега (184см) , а највисоката Американка е Лорен Бетс со 210 см.

Просечната височина на американските кошаркарки била 186см, дури за 14 сантиметри повеќе од Салвадорките . Натпреварот се одигра во чилеанскиот град Авсен.

притисни ентер