Беспилотното летало ЕХабг 216 може да превезува по двајца патници на мала височина на оддалеченост од 35 километри , за да им овозможи нов начин на превоз во големите градови. Технологијата сега е подготвена за сериско производство , но се уште новото летало нема дозвола од воздухопловните власти.
Новинарите денеска беа повикани на кусо пробно летање на височина од десет метри , а потоа спуштање на фудбалски стадион.
Ова летало нема да може да се купи за лична употреба , туку им се нуди само на компании. Така , за сега има заинтересирани нафтени компании, туристички агенции , како и компании кои се занимаваат со транспорт на органи за трансплантација.