Вардар по петти пат е првак на СЕХА лигата

Ракометниот клуб Вардар по петти пат ја освои СЕХА лигата , победувајќи ја во финалето екипата на ППД Загреб со 26:23 ( 14:12).

На почетокот нa мечот се водеше речиси изедначена битка , се до 24 минута кога ракометарите на нашиот шампион поведоа со 11:10 и до крајот на мечот не му дадоа на Загреб да поведе, иако на неколку пати имаше нерешен резултат .  

Со головите на АСтоилов и Скубе , вардар ја одбрани минатогодишната титула на шампионатот кој годинава се игра во белорускиот град Брест.

И минатата година двата тима играа во финалетио на СЕХА лигата , кога во Скопје победи Вардар со 26:24.

Спектакуларен пречек на Фјури на аеродромот во Манчестер (ВИДЕО)

Многубројни навивачи и новинари го пречекаа двојниот светски шампион во бокс, Тајсон Фјури на аеродромот во Манчестер.

Фјури пристигна во Англија 48 часа откако во седмото коло го нокаутираше Дионте Вајлдер и стана двократен светски шампион во тешка категорија.

Група навивачи и известувачи го поздравија новиот шампион во верзија на ВБЦ, а на аеродромот имаше бројно полициско обезбедување.

Фјури сè уште не објави дали ќе има реванш меч со Вајлдер.Американскиот боксер изјави дека е уверен дека ќе се случи нова борба со Фјури.

Ѓоковиќ заигра чочек со сабја на глава по победата во Дубаи (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ, првиот тенисер на светот по мечот во Дубаи, не ги криеше доброто расположение и танцувачките вештини во ориентален чочек .

На Твитер беше објавен клип од танцот на српскиот тенисер, при што многумина коментираа дека Ѓоковиќ само ја продолжил традицијата, бидејќи и претходно биле објавени  снимките од неговото танцување со стомачни танчерки.

Овој пат, Новак успеа и да го балансира мечот на главата за време на танцот.

Навивачите на Баерн направија шоу на улиците на Лондон (ВИДЕО)

Челзи и Баерн го играат првиот натпревар од осмина финалето  во Лигата на шампионите вечерва од 21 часот.

Тешко е да се каже кој е фаворит во овој натпревар затоа што и двата тима ги имаат своите адути, но за Баерн е голем плус што ќе имаат фантастична поддршка во главниот град на Англија.

Неколку илјади љубители на германскиот шампион го окупираа центарот на англиската престолнина и направија пеколна атмосфера.

притисни ентер