Легендарниот купе од 90-тите со нов лик – се враќа Пума на Форд

По 17 години пауза, Форд ја враќа Пума, но во целосно ново издание.

Во времето кога се бараше посебно чувство при возење од автомобилите , Пума беше барана како мал купе со интересен изглед.  За петте години додека се произведуваше , Пумата имаше купувачи пред се од повозрасната генерација.

Денеска состојбата е поинаква. Пума ќе прерасне во кросовер со најголем багажник во класата од 456 литри. Ќе биде поставена на основата на Фиеста , а  достапен е и како хибрид со 1.0 мотор со 155 Кс.

 Додека оригиналната Пума доаѓаше од германските фабрики на Форд, новата верзија ќе се произведува во Романија. Форд вложи 1,5 милијарди евра во фабриката во Крајова.  

притисни ентер