Видео: Вестбрук за историја „20+20+20“

Кошаркарот на Оклахома Сити, Расел Вестбрук испиша нова страница во историјата на најсилното светско кошаркарско првенство НБА лигата.

Ѕвездата на Оклахома стана само вториот кошаркар во историјата на НБА кој успеал да оствари трипл-дабл со најмалку 20 поени, асистенции и скокови.

Во триумфот на Оклахома над ЛА Лејкерс од 119 – 103  Вестбрук запиша по 20 поени и скокови и 21 асистенција.

-Ова е за Нипси, изјави по историскиот меч Вестбрук, посветувајќи ја победата и својот влез во историјата на раперот Нипси кој неодамна е убиен.

Единствениот кошаркар кој пред Расел Вестбрук успеал да оствари „20+20+20" е легендарниот Вилт Чембрлен.

притисни ентер