Вардар очекувано во финалето на СЕХА лигата

Во финалето на завршниот турнир на регионалната СЕХА лига , што се одржува во белорускиот град Брест, Вардар ќе ја брани шампионската титула против ППД од Загреб.

Во полуфиналето Вардар беше подобар од белорускиот првак Мешков и го порази со 25:23 (14:10) . Финалето ќе биде реприза на ланскиот финален меч во Скопје , кога Вардарци ја освоија титулата со победа над Загрепчаните со 26:24.  

За ППД тоа ќе биде трето финале , додека за Вардар ќе биде седми пат во финален меч на СЕХА лигата , со до зсега освоени четири титули.

 До победата Врдар стигна преку седумте гола на Стоилов и петте гола на Криштопанс. Карачиќ и Чупиќ дадоа по три гола.

притисни ентер