Фото: Синот на Михаел Шумахер во болид на Ферари

Мик Шумахер, синот на легендарниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер дебитираше во болидот на Ферари, во тимот во кои неговиот татко ги оствари најголемите успеси.

20 - годишниот Мик извозел неколку кругови во црвениот болид на Ферари на патеката во Бахреин.

На оваа патека италијанскиот гигант ги одржува неколку дневните тестови на болидите.

Секако сето ова се одвиваше под будното око на мама Корина.

Наместо шут за пенал , на стадионот на Интер слета падобранец (ВИДЕО)

Додека Лукаку се подготвуваше да шутира пенал за 3:1 на натпреварот на Интер против Сасуоло во италијанската Серија А, среде стадионот слета падобранец.

Човек со падобран одеднаш слета во центарот на стадионот Мапеи во Реџо Емилија. Слетувањето помина без проблеми и падобранецот веднаш беше изнесен од теренот и одведен во притвор.

Локалната полиција приведе 36-годишник од Милано, кој зад себе има повеќе од 900 скокови со падобран, а кој е обвинет за загрозување на општата безбедност. Новинската агенција АНСА соопшти дека еден човек се јавил во полициска станица и рекол дека има проблем со падобранот и бара место за безбедно слетување.

„Не знаев дека се одвива натпревар. Не сакав никого да повредам. Барав широк простор за да слетам“, изјави падобранецот.

Маскирани и вооружени хулигани го прекинаа мечот меѓу Олимпијакос и Бајерн (ВИДЕО)

Тежок инцидент се случи во јуниорската Лига на шампионите , кога натпреварот во Атина меѓу екипите на Олимпијакос и Бајерн беше прекинат од вооружени и маскирани хулигани.

Хулиганите кои го следат Олимпијакос , во 88-та минута од натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу младите на тој клуб и гостинскиот Баерн,маскирани истрчаа на теренот за да се справат со германските навивачи.

Тие ги нападнаа противничките навивачи со факели и палки, предизвикувајќи судијата да ја прекине играта.

Полициските службеници и чуварите сепак успеаја да го вратат редот на стадионот и на трибините, по што натпреварот заврши со победата на Баерн со 4-0.

Брутоално го претепа противникот, па се молеше за неговиот живот (ВИДЕО)

Еден од најбруталните нокаути годинава е забележан во познатата бразилска организација Future ММА на приредбата Jungle Fight 86 .

Џонас Билхарињо го нокаутираше Џуниор Дуарте со брутално летечко колено. Ривалот беше толку повреден што Билхарињо веднаш ја запре прославата, падна на колена и почна да се моли за Дуарте биде во ред.

За Билхарињо ова беше прва борба по три и пол години. Запиша седум победи во својата кариера, само еден пораз и едно реми. По неговиот единствен пораз, тој направи пауза до овој викенд , кој заврши со брутално претепување на  Дуарте.

притисни ентер