Автомобилска гума од руско глуварче!?

Млеко од глуварче (млечка или млечна козица), како замена за млеко од каучук.

Деловите од млечка или млечна козица –глуварче се користат во многу цели, како медицина, исхрана, но и во индустријата за гума.

Последната карактеристика е најизразена кај сортата позната како руска млечка, чие млеко е многу слично на млекото од каучук.

Поради ова инженерите од „Континентал“ успеале да произведат гума токму од оваа билка, растение кое е многу по распространето и по отпорно  од каучукот, кој расте само во тропските предели.

Германскиот производител на пневматици на саемот за автомобили го изложи пневматикот направен од млеко од глуварче. Оваа автомобилска гума засега не се користи во комерцијални цели, туку само на тест полигонот на „Континентал“.

Масовното производство на гуми од компонентата под името „ Taraxagum“(Taraxacum- латинскиот назив за глуварче, млечка или млечна козица) би требало да започне следната година.

притисни ентер