Босански полицаец пијан тргнал кон Виена, па ја нападнал стјуардесата и завршил во затвор

Припадник на граничната полиција на БиХ требало да преземе криминалец кој бил уапсен во Австрија по меѓународна потерница.

Бизарниот инцидент се случил на 20 март , а директорот на граничната полиција , Зоран Галиќ денеска го потврди. Полицаецот во униформа пијан влегол во авионот кон Австрија ,заедно со уште еден негов колега , мкој бил трезен. По некое време , пијаниот полицаец почнал да и се нафрла на стјуардесата и да ја пипа за задникот. Колегата се обидувал да го смири пијаниот полицаец, но попусто.

Тој почнал да ги напаѓа и патниците и да се расправа соп нив и да ги пцуе. Се вмешале и вработените, но и со нив полицаецот се пресметувал.  

Екипажот на Аустријан Ерлајнс го пријавил инцидентот, така што по пристигнувањето во Виена, пијаниот полицаец бил уапсен и однесен на трезнење.  

Од граничната полиција велат дека против полицаецот е веќе поведена дисциплинска постапка , како и предлог за отказ . Неговите колеги тврдат дека нијкогаш не биле повеќе засрамени.

НБ: Депозитите и кредитите и во октомври со раст

Депозитите во октомври годинава бележат месечен раст од 0,4 отсто, што е резултат на зголемувањето на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на растот на депозитите кај корпоративниот сектор, објавува Народната банка.

Според објавените податоци, кај кредитите во октомври е забележан месечен раст од 0,8 отсто и годишен од шест отсто. Поголем придонес кон растот кај кредитите има секторот домаќинства.

Кај депозитите на годишна основа, растот изнесува 9,6 отсто и е под влијание на растот кај двата сектора, при поголем придонес на секторот „домаќинства".

Овој месец, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемени за 0,9 отсто на месечна основа, главно под влијание на зголемувањето кај краткорочните и долгорочните депозити во странска и домашна валута, додека депозитните пари имаат остварено пад. На годишна основа, кај овие депозити е забележан раст од 9,6 отсто, што во најголем дел се објаснува со зголемувањето на депозитните пари и на краткорочните депозити во странска валута.

Кај кредитите на корпоративниот сектор е евидентиран месечен раст од 0,6 отсто и годишен раст од 2,2 отсто. Анализирано според валутната структура, кредитите одобрени во странска валута имаат поголем придонес кон растот на месечна основа, додека на годишна основа поголем придонес кон растот имаат кредитите одобрени во денари. Со исклучување на ефектот од извршените отписи на сомнителните и спорните побарувања, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор во октомври изнесува 4,5 отсто.

Депозитите на домаќинствата, во октомври, бележат месечен раст од 0,2 отсто, при остварен раст кај сите компоненти на оваа категорија, со најизразен придонес на долгорочните депозити во странска валута, депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута. Стапката на годишен раст кај овие депозити во октомври изнесува 9,3 отсто и е резултат на растот кај сите компоненти, со поголемо учество на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута.

Кредитите на домаќинствата се повисоки за 1,1 отсто и 9,7 отсто на месечна, односно на годишна основа. Анализирано по валута, кредитите одобрени во денари имаат малку повисок придонес кон нагорните месечни и годишни промени.

Според намената на одобрените кредити на физичките лица, во октомври 2019 година, најзастапените категории, се потрошувачките и станбените кредити, кои остварија месечно зголемување од 1,3 отсто и 0,9 отсто соодветно, при годишен раст од 13,5 отсто и 11,6 отсто, соодветно. Кај Аатомобилските кредити забележан е месечен пад од 0,5 отсто, при годишен раст од 2,7 отсто. Кредитите одобрени на кредитни картички на месечно ниво се зголемени за 0,5 отсто, додека на годишно ниво се намалени за 2,6 отсто. Во октомври, негативните салда на тековните сметки забележан е месечен и годишен раст од 1,4 отсто и 2,2 отсто, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи имаат остварен месечен и годишен пад од 0,6 отсто и 8,7 отсто, соодветно. 

МЖСПП: Енергетската ефикасност влијае на намалувањето на потрошувачката на енергија и придонесува во намалување на емисиите од СО2

На иницијатива на Oрганизацијата за индустриски развој на Обединетите Нации, РЕЦ,  Стопанската комора и Агенцијата за енергетика се одржа Национален промотивен настан: "Придобивки од спроведувањето на енергетска ефикасност во индустриите "

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини имаше свое поздравно обраќање во кое ја нагласи посветеноста на Владата на борбата против климатските промени, како и посветеноста да обезбедиме интеграција на енергетската и климатската политика, што е во директна врска со регулативите на ЕУ за интегрирано управување со енергијата и климата.

"Зголемувањето на ефикасноста во користењето на енергијата е најбрз, најефикасен и најисплатлив начин за подобрување на енергетската ефикасност во индустријата. Директивата за индустриска емисија, бара да се земат предвид одредбите за енергетска ефикасност при одредувањето на најдобрите достапни техники за процесите на производство", рече Нуредини.

Настанот се организира за да се нагласи вредноста од спроведувањето на најдобрите достапни технологии за енергетска ефикасност во индустријата, како што се системите за управување со енергијата и оптимизација на енергетските системи, да се истакнат високите економски придобивки и придонесот, што енергетската ефикасност го има во намалувањето на потрошувачката на енергија во индустријата и во државата воопшто, како и да се истакне придонесот во намалувањето на СО2 емисиите.

На конференцијата присуствуваа и претставници од бизнис секторот, академски и научно-истражувачки институции, меѓународни институции и билатерални донатори од УСАИД, ЕБРД и ГИЗ, како и невладини организации и граѓански здруженија, соопшти Министерството. 

Сасоли: Блокадата на Скопје и Тирана покажува дека се потребни реформи во ЕУ

 Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли одговарајќи на новинарско прашање ја издвои блокадата на Македонија и Албанија во Европскиот Совет како пример зошто е потребна промена на правилата во Европската Унија.

Европскиот парламент е во процес на размислување за реформи во повеќе области на процесот на одлучување на ЕУ, како на пример во делот на правото на вето, на законодавната иницијатива на Парламентот, како и консултациите со националните парламенти, за да обезбеди пофункционална Европска Унија, порача шефот на Европарламентот.

– Видовте што се случи на последниот Совет, Парламентот, Комисијата, претседателството и 25 од 28 земји членки рекоа „да" за почеток на преговори со Македонија и Албанија, но одлуката беше блокирана од три земји, затоа мислам дека е добро да ги ревидираме нашите правила, изјави Сасоли.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, тој истакна дека правилата на ЕУ се добри само ако водат до позитивни резултати и ги повика и медиумите да помогнат во пренесувањето на пораките на Парламентот и другите европски институциите.

притисни ентер