Уапсен поранешен руски министер поради измама тешка 4 милијарди рубљи

Руската истражна агенција деенска соопшти дека е уапсен поранешниот министер Михаил Абизов заосновање криминална група и проневера на 4 милијарди рубљи(62 милиони долари).

46 – годишниот поранешен министер  се сомничи дека предводел група , која проневерила фондови на две компании за енергетика од Сибир и парите ги префрлил на сметки во странски банки.

Портпаролката на истражната агенција, Светлана Петренко побара против Абизов веднаш да се преземат мерки за заштита и да биде приведен. Неговиот адвокат Александар Аснис изјави дека Абизов се изјаснил дека не е виновен и дека без основ бил притворен.

Рускиот претседател Владимир Путин бил претходно информиран за криминалмните дејства на Абизов. Тој од 2012 бил министер за владини односи во кабинетот на тогашниот претседател Дмитриј Медведев.

Русковска ја потврди веродостојноста на фотографијата на првата страница од исказот на Камчев

Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска ја потврдува веродстојноста на фотографијата од објавената прва страница од записникот.

Во овој дел од записникот се наведуваат цитати од исказ на бизнисменот Орце Камчев, обвинет во случајот „Империја", објавени вчера на дел од порталите.

Обвинителството, како што соопшти и претходно, нема ги коментира останатите заклучоци и коментари на авторот.

– Оргиналните списи од предметот ги поседува само Обвинителството, а копија од нив беше доставена до надлежниот суд, велат од Обвинителството./MИА

Илјадници во Дрезден протестираа против расизмот и ксенофобијата (ВИДЕО)

Над 35 000 демонстранти излегоа денеска на улиците на германскиот град Дрезден на протест против расизмот и ксенофобијата.

Протестниот марш го организираше групата Unteilbar , која минатата година организра сличен марш во Берлин , на кој се собраа 250 000 луѓе. Меѓу учесниците на маршот беа и министерот за финансии , Олаф Шолц, како и лидерите на крајно левичарските партии.

Протестите се одржуваат на една недела пред државните избори во сојузнуите покраини Саксонија и Брабнденбург , каде ултрадесничарите од АфД би можеле да остварат огромен успех. Нивното главно начело е антимигрантската политика.

Заев заедно со Димитров, Шеќеринска и Ременски со тужба ќе докажуваат дека немаат инволвираност во „Рекет“

Премиерот Зоран Заев со тужба ќе докажува дека нема инволвираност во случајот „Рекет“. Тој неможе да премине преку текстовите кои се појавија синоќа на некои портали, во кој се пишува за наводна негова вмешанот во изнудата. 

Премиерот Зоран Заев најави тужба за објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за случајот „Рекет“, кои ги објави порталот Инфомакс, а се однесуваат на исказот на Орце Камчев кога го пријавил случајот во Обвинителството и во која има детали за наводна инволвираност на политички функционери.

Заев бара шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал Вилма Русковска да каже дали записникот и документите кои претекоа од ОЈО се веродостојни.

,,Отфрлам секаква поврзаност со Боки 13 поврзана со случајот „Рекет“. Обврска на Обвинителството е да каже дали тоа е така кажано. Објавена е една страна од записникот, а потоа е прераскажувано. Доколку новинарите прават манипулации, има одговорност. Ги повикувам Ременска, Шекеринска и Димитров заедно со мене да поднесат тужба, за да се потврди дека се лаже, изјави Заев.

По Заев, и  министрите за одбрана и надворешни работи Радмила Шеќеринска и Никола Димитров, како и пратеничката Фросина Ременски најавија дека ќе ги тужат порталите Инфомакс и Република, како што велат, поради изнесени лаги и клевети, по објавувањето на документот од исказот на Камчев за наводна вмешаност во аферата „Рекет“.

Oд обвинителството за организиран криминал попладнево информираа дека Русковска ја потврдува автентичноста на сликата од објавениот записник, а останатите заклучоци и коментари на авторот на текстот нема да ги коментира. Оттаму соопштуваат дека оригиналните списи од предметот ги поседува само обвинителството, а копија од нив била доставена до надлежниот суд.

Оваа информација за Канал 5 ја потврди и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески кој вели дека голема е веројатноста документот кој протече во јавноста да е веродостоен, но треба детално да се истражи и да се направи споредба со оригиналот за да се добие целосна потврда. Јовески ни изјави дека се истражува и дали записникот протекол од Кривичниот суд, бидејќи истиот бил испратен во судот како дел од барањето за притвор за Катица Јанева.

Од Основното јавно обвинителство соопштија дека ќе проверуваат како протекуваат документи од истрагата за „Рекет“. Обвинителството нема да ги коментира информациите, но потенцираат дека откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и е кривично дело.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и укажува на јавноста дека ваквите неодговорни извори на информации и медиуми со ограничена цел, нема да влијаат врз решеноста на обвинителството овој случај да добие комплетна завршница, се наведува во соопштението.

Засега нема информации од обвинителството за гонење организиран криминал и од државното обвинителство дали веќе е отворен предмет за да се утврди како протекол документот и кој ќе понесе одговорност за тоа, бидејќи станува збор за доверливи податоци.

притисни ентер