Филмска потера низ Словенија- Полицијата ги стигнала мигрантите дури пред Трст

Словенската полиција утрово запрела илегални мигранти , откако сомнителниот Мерцедес успеале да го запрат дури пред Трст , во Италија.

Возачот на Мерцедесот ја исгубил контролата над возилото , така што полицијата успеала да ги спречи мигрантите да продолжат со патувањето.

Според полицијата од Копер , потерата почнала во 5 часот утрово , кога бил забележан сомнителниот Мерцедес со германски таблички, кој не запрел и покрај звучните и светлосните сигнали. Наместо да запре , возачот на илегалните мигранти тргнал со полна брзина кон Италија .

Полицијата го стигнала возилото дури пред местото Босовизо. Патниците се разбегале во шумата , а во автомобилот останал само возачот и совозачот.

Мерцедесот го возел 25 годишен државјанин на Албанија , а до него седел турски државјанин. На теренот подоцна бил најден уште еден турски мигрант.

Италијанската полиција ги задржала тројцата , по што словенската патрола се вратила назад во земјата.

Најевтиното електрично возило чини само 930 долари и се испорачува по пошта (ВИДЕО)

За оние кои сонуваат за електричен автомобил, не можат да си го дозволат Тесла, постои решение.

Changli, најевтиниот електричен автомобил на светот, чини само 930 долари, или 1.200 долари со поголема батерија, а може да се нарача и онлајн.

Тој е дизајниран и произведен од кинескиот производител Changzhou Xili Car Industry, а германскиот Changli или Changli е мало електрично возило кое привлекува големо внимание откако се промовира како најприфатливиот електричен автомобил на светот.

Да се нарече ова возило автомобил може да биде малку чудно, ако се земе предвид дека моторот може да произведе само 1,16 коњски сили и неговата најголема брзина е 30 км на час. Сепак, тоа доаѓа со неколку интересни карактеристики како климатизација, грејачи, радио, камера ...

Но, според многумина најимпресивната карактеристика на овој производ е тоа што може да се испорача до вашата врата. Имено, секој може да нарача Чангли преку интернет. Всушност, единствениот начин да го купите е да го нарачате преку Алибаба.

Чангли е долг 2,5 метри, широк 1,50 метри и висок 1,80 метри. Тежи 323 килограми и може да носи до 300 килограми. Верзијата со двосед се продава за 930 долари (1200 американски долари со поголеми батерии), додека верзијата со три седишта чини 1.500 долари. Батеријата која трае 7 до 10 часа за полнење ќе трае 40-100 километри, во зависност од големината.

Новинарот и блогер Џејсон Торчински неодамна го нарача овој автомобил и објави преглед на YouTube. Возилото секако има ограничување, особено при возење по нагорнина, но заклучокот е дека станува збор за прилично импресивен производ кога ќе се земат предвид сите фактори, вклучително и цената и можноста за испорака до дома.

Надлежните се уште без конкретни одговори за смртта на 24 годишната девојка од Јегуновце

И по два дена, нема конректни одговори за смртта на 24 годишната девојка од Јегуновце од коронавирусот...

Пред Македонската академија на науките и уметностите е Мирјана Мирчевска Јовановиќ

Регистрирани се 88 нови случаи на Ковид 19 , починале три лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 .

Во: Скопје-30, Куманово-8, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-11, Велес-1, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-8.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје-70, Штип-6, Прилеп-4, Тетово-31, Велес-3, Кочани-2, Пробиштип-1, Кичево -1, Ресен-4, Неготино-1.

Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип. Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст од 43 и 72 години. Во КБ Штип е почината пациентка на 76 годишна возраст.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8197, бројката на оздравени пациенти е 4326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3486. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3878, активни 1788

• Куманово 862, активни 194

• Дебар 151, активни 89

• Штип 457, активни 178

• Прилеп 301, активни 64

• Тетово 871, активни 292

• Струга 330, активни 171

• Велес 203, активни 33

• Битола 71, активни 28

• Охрид 227, активни 135

• Кавадарци 26, активни 18

• Гостивар 230, активни 144

• Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 24, активни 16

• Крива Паланка 19, активни 9

• Радовиш 8, активни 4

• Крушево 12, активни 7

• Кочани 77, активни 13

• Пробиштип 37, активни 24

• Демир Хисар 8, активни 7

• Македонски Брод 8, активни 4

• Пехчево 6, активни 1

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6, активни 0

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 7, активни 4

• Свети Николе 118, активни 111

• Кичево 81, активни 69

• Ресен 137, активни 77

• Неготино 21, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 973 теста се преку: ИЈЗ-584, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -97, Жан Митрев (Филип Втори) –110, Систина со PCR метода -140, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-20. Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 52 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 88 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 302

• Аеродром - 162

• Бутел - 135

• Гази Баба - 199

• Центар – 138

• Карпош – 145

• Сарај – 118

• Кисела Вода – 107

• Ѓорче Петров – 113

• Студеничани – 116

• Шуто Оризари – 83

• Арачиново – 42

• Илинден – 23

• Петровец – 20

• Чучер Сандево – 11

• Сопиште – 12

• Зелениково- 15

• Странец – 6

• Нераспределен- 41

притисни ентер