Апелација на јавна седница ќе одлучува за притворот на Мијалков

Апелацискиот суд во Скопје денеска на јавна седница ќе ги разгледува жалбите на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор што му беше определена при изрекувањето на пресудата во случајот „Титаник 2″.

Во првостепената пресудата за „Титаник 2" Мијалков е осуден на три години затвор, Мендух Тачи на три години и два месеци, Бедредин Ибраими на четири години и шест месеци, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по три години затвор.

Судот го прифати барањето на СЈО и им определи притвор на Сашо Мијалков и на Бедредин  Ибраими, а останатите четворица осудени добија мерки за претпазливост. Обвинителите побараа притвор поради опасност од бегство.

Според обвинението од СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето влијание и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година. /МИА.

Гори хемиска фабрика во Шпанија (ВИДЕО)

Во шпанскиот град Сан Роке се запали хемиска фабрика и црн чад го обви градот.

Попладнево избувна силен пожар во Сан Роке во  хемиската фабрика, од каде целиот град беше обвиен со чад. За среќа , во инцидентот нема жртви , а едно лице добило медицинска помош поради задушување со чад.

На жителите на околните населби им е кажано да ги затворат вратите и прозорците и да не излегуваат надвор , до расчистување на воздухот.

Доцна попладнево , пожарот е ставен под контрола.   

Заев: Над 200 функционери ќе бидат сменети, процесот ќе заврши на почетокот на јули

Над 200 лица ќе опфати најавената „метла" на премиерот Зоран Заев.

Покрај министрите, за кои веќе утре Собранието треба да ги разреши и да гласа за новите предлози на премиерот, ќе опфати заменици министри, директори на централно ниво, членови на управни одбори, надзорни одбори, директори на локално ниво…

Ова го најави премиерот Зоран Заев, кој оценува дека доволни се промените во министерските места во Владата и дека се продолжува со промените по вертикала, а очекува целиот процес да заврши на почетокот на јули.

– Голем дел од незадоволствоот беше концентрирано кон високи функционери кои ги нарекуваа и локални шерифи. Дел се политички функционери од СДСМ, каде се завршија големи промени, почнувајќи од најниско ниво, односно  претседатели на општинските организации, извршниот одбор, централниот извршен одбор, дел од потпретседателите се нови каде сме во финална фаза, директорските места се тие каде што допираат граѓаните и секако од министерските места и дел од заменичките министерски места, што ќе се случат во периодот што претстои. Јасно ја доловив пораката од граѓаните каде тоа лежи незадоволството и секако дадов шанса на одредени министри кои имаат поголем капацитет и можат да го покажат. Верувам дека успешно го завршуваме тој процес. На самиот крај ќе ги очекуваме и  следните решенија што ќе се случат на директорски места на централно ниво, во делот на управни одбор, надзорни одбори, на подрачните единици, директорски места на локално ниво. Комплетно ќе се работи за севкупна политичка и општествена промена на повеќе од 200 луѓе, рече премиерот.

Иванка Василевска и Мирче Адамчевски во „Само вистина“

Вечерва гости во „Само вистина“ беа Иванка Василевска и Мирче Адамчевски.

Во врска со владината „чистка“, нема втора шанса за прв впечаток, а првиот впечаток кој владата на Заев го покажа овие две години е апсолутно негативен, смета Василевска.
Реконструкцијата не најави ништо значајно и спектакуларно, еве не знам ни дали е добра смената на министерот за финансии Тевдовски бидејќи никој не ја знае причината за тоа, вели Адамчевски.

Договорот со Бугарија беше 90% спакуван од ВМРО-ДПМНЕ но се судривме со националните интереси и не се дозволија никакви отстапки, а за договорот со Грција пречеше содржината на текстот, објаснува Василевска.
Празни се зборовите дека Бугарија може да ни стави вето за во ЕУ, ќе си ја свиткаат опашката и ќе направат така како што ќе им каже САД, дециден е Адамчевски.

Во ситуацијата во која што е не би излегла сега власта да преземе ризик и да излезе на предвремени парламентарни избори на кои сигурно би била поразена, вели Василевска.
Чисти шпекулации беа најавите дека реконструкцијата е некаков предвесник за предвремени избори, ќе се оди директно на редовни, заклучува Адамчевски.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

притисни ентер