Од утре поладно со дожд, во петок температури под нулата

Под влијание на посвежа воздушна маса утре и во четврток ќе се задржи променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд во западните и јужните делови и со снег на планините.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе услови и намалување на дневната температура за три до четири степени во однос на денешната.

Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Во текот на денешниот ден ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд попладне во западните делови и со снег на планините. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови намалување на дневната температура, особено во северните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

Во Скопје за денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со умерен до засилен северен ветер и максимална температура до 15 степени. /МИА

Заврши кампањата, од полноќ изборен молк

Заврши кампњата пред првиот круг од претседтаелските избори, а од полноќ почнува изборниот молк пред гласањето во недела..

Последниот митинг Гордана Сиљановска Давкова  го одржа во Штип, а Стево Пендаровски во Охрид.. И на последните митинзи во фокусот на кандидатите беше Преспанскиот договор и Евроатланските интеграции.

На вечерашните митинзи своите последни пораки пред гласањето ги упатија и  партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Вучиќ: Се може, ултиматуми и насилство не

Пред околу 100.000 луѓе, попладнево во Белград се одржа завршниот митинг од кампањата „Иднината на Србија“, што го организираше српскиот претседател Александар Вучиќ.

Порача дека е подготвен на дијалог со опозицијата, но нема да прифати ултиматуми.

Српската опозиција со протестите „1 од 5 милиони“ од јануари бара оставка од Вучиќ, а на минатонеделниот протест биле собрани околу 30.000 граѓани кои бараат слободни медиуми, дијалог и слободни избори.

На школски едреник на црногорската морнарица, најдени 50 килограми кокаин

На бродот , за кој Хрватска вели дека е нивен и останал во Црна Гора по ремонтот во 1990 , денеска се најдени 50  килограми кокаин.

На школскиот едреник ,,Јадран” , со кој плови црногорската морнарица , полицијата најде кокаин. Според оперативните сознанија , полицијата открила дека криминална група има намера да се вози со овој брод.

По извршениот претрес на бродот биле најдени над 50 килограми кокаин. Како можен виновник е еден од подофицерите на бродот , дел од екипажот, кој според црногорските медиуми, ќе биде уапсен.

притисни ентер