Познати нови информации за автомобилот вреден 17 милиони евра (ВИДЕО)

Иако со цена од речиси 17 милиони евра стана најспак автомобил на светот , новиот Бугати La Voiture Noire нема класичен мотор , а и кабината и натаму е празна.

Кога Ролс Ројс го претстави Sweptail и информира дека ќе чини 11,5 милиони евра , никој не веруваше дека набргу ќе се појави поскап автомобил. Бугати во Женева го претстави својот La Voiture Noire, вреден 16,7 милиони евра. Но , цената не е фуиксна , зашто таинствениот купувач допрва се сдоговараз а развој на авотмобилот. Рокот на испорака е две и пол години , а за тоа време од компанијата најавуваат завршување на моделот.

Во Женева бил претставен само костурот , додека најскапиот автомобил се уште нема мотор , ниту внатрешни елементи.

,,Тој автомобил не е готов. Само што почнавме со конструкцијата пред половина година, нашиот клиент го прифати предлогот. Автомобилто ќе биде испорачан по две и пол години.Да , дизајнот не е довршен. “ , портврди и портпаролот на Бугати, Тим Браво.

За сега се знае само дека во автомобилот нема да биде вграден моторот V16 од Хирон со 1500 КС, туку електромотор.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер