Ципрас : Турски воени ловци преблизу прелетаа покрај мојот хеликоптер (ВИДЕО)

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека турски воени авиопни прелетале преблизу до неговито хеликоптер додека летал кон грчки остров за да го одбележи денот на независноста.

,,Го принудија хеликоптерот во кој се возев да лета премногу ниско , се додека грчките вени авиони не ги пресретнаа авионите кои го нарушија нашиот воздушен простор.” изјави Ципрас во говорот на островот Агатониси , каде го прослави националниот празник , ослободување на Грција од Османлиите во 1821 година.

,,Пораката што сакам да им ја упатам е дека ваквите глупави акции се бесмислени , дека непотребно трошат бензин. Секогаш ќе бидеме подготвени да го браниме нашиот национален идтегритет.”

Грчки офицер потврди дека грчките авиони Ф-16 пресретнале турски ловци на околу 6,5 километри оддалечени од хеликоптерот во кој бил Ципрас. Турските власти не го коментираа инцидентот.

Заврши кампањата, од полноќ изборен молк

Заврши кампњата пред првиот круг од претседтаелските избори, а од полноќ почнува изборниот молк пред гласањето во недела..

Последниот митинг Гордана Сиљановска Давкова  го одржа во Штип, а Стево Пендаровски во Охрид.. И на последните митинзи во фокусот на кандидатите беше Преспанскиот договор и Евроатланските интеграции.

На вечерашните митинзи своите последни пораки пред гласањето ги упатија и  партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Вучиќ: Се може, ултиматуми и насилство не

Пред околу 100.000 луѓе, попладнево во Белград се одржа завршниот митинг од кампањата „Иднината на Србија“, што го организираше српскиот претседател Александар Вучиќ.

Порача дека е подготвен на дијалог со опозицијата, но нема да прифати ултиматуми.

Српската опозиција со протестите „1 од 5 милиони“ од јануари бара оставка од Вучиќ, а на минатонеделниот протест биле собрани околу 30.000 граѓани кои бараат слободни медиуми, дијалог и слободни избори.

На школски едреник на црногорската морнарица, најдени 50 килограми кокаин

На бродот , за кој Хрватска вели дека е нивен и останал во Црна Гора по ремонтот во 1990 , денеска се најдени 50  килограми кокаин.

На школскиот едреник ,,Јадран” , со кој плови црногорската морнарица , полицијата најде кокаин. Според оперативните сознанија , полицијата открила дека криминална група има намера да се вози со овој брод.

По извршениот претрес на бродот биле најдени над 50 килограми кокаин. Како можен виновник е еден од подофицерите на бродот , дел од екипажот, кој според црногорските медиуми, ќе биде уапсен.

притисни ентер