Проблеми со софтверот предизвикаа хаос во авионскиот сообраќај во Германија

Проблемите со софтверот во германанската контрола на летање (DFS) , денеска предизвикаа застои и тешкотии во авионскиот сообраќај , како и откажување на седумдесетина летови од аеродромот во Франкфурт.

Околу 40 од откажаните летови се однесуваат на националниот авиопревозник , Луфтханза. ,,Откажаните летови погодуваат околу 4 500 патници на аеродромот во Франкфурт.” , соопшти компанијата Фрапорт , која управува со овој аеродром.

Се смета дека проблемот со софтверот би траел до четврток , за кога се планира промена на софтверот што предизвикува проблеми.

Со овој проблем се погодени и аеродромите на југот на земјата како оние во Штутгарт, Келн , Бон и Дизелдорф.

Синовите на Џон Ленон и Пол Макартни снимија песна

Синовите на некогашните членови на поп-рок составот „Битлс“ - Џон Ленон и Пол Мекартни, објавија заедничка песна за познатиот парк „Примроус Хил“ во Лондон.

Џејмс Мекартни (46) и Шон Оно-Ленон (48) заеднички ја напишаа баладата „Primrose Hill“, пренесува лондонски „Телеграф“.

„Многу сум среќен што можам да ја споделам мојата најнова песна што ја напишав со мојот добар пријател Шон Оно-Ленон. Со објавувањето на оваа песна се чувствуваме како да се движиме сите заедно. Возбуден сум што ќе продолжам да споделувам музика со вас“, напиша Мекартни на Инстаграм.

Познатиот парк бил отворен во првата половина на 19. век на ритче во центарот на Лондон, а таму денес се наоѓа куќата на сер Пол Мекартни.

Пиоли пред реваншот со Рома: Ова е одлучувачки момент за европските амбиции на Милан

 Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, ги искажа своите очекувања за вечерашниот натпревар со Рома.

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа, Милан загуби на домашен терен од Римјаните со резултат 0:1.

- Одам на овој натпревар со самодоверба бидејќи знам за што се способни моите играчи. Сигурен сум дека знаат што да прават на вакви важни натпревари. Мора да подобриме некои ситници во однос на првиот натпревар. Ова е одлучувачки момент за нашите европски амбиции. Мора да ги покажеме нашите најдобри квалитети на теренот и да ја исцедиме секоја последна капка пот, изјави тренерот на Милан.

Натпреварот на „Олимпико“ во Рим ќе почне во 21 часот.

За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела Македонија

Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на цчерашниот ден биле казнети 140 возачи.

Како што соопштија од МВР, од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

притисни ентер