Македонија непоразена на гостувањето кај Словенија

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија го освои и четвртиот бод во квалификациите за пласман на Европскиот шампионат во 2020.

Црвено жолтите на гостувањето во Љубљана на стадионот „Стожице“ одиграа реми од 1-1 против домашната Словенија во 2 коло од Групата Г во евроквалификациите.

Македонските фудбалери во сите 90 минути од мечот беа рамноправен ривал на солидната Словенија и на крајот заслужено стигнаа до посекуваното реми.

По израмнетата игра во првиот половина час од средбата Словенците неочекувано во 34 минута преку Миха Зајц поведоа со 1-0.

Но, радоста и водството на домаќините траеше само 13 минути.

На стартот на вториот дел нашиот национален тим преку Барди израмни на 1-1 , што подоцна се покажа и како конечниот резултат на дуелот во Љубљана.

Избраниците на селекторот Ангеловски одиграа уште еден одличен натпревар во кои можеме жалиме за неколку пропуштени шанси на Пандев, Барди, Несторовски и  Елмас.

По дуелот на Стожице селекторот Игор Ангеловски истакна дека е задоволен од играта и освоените 4 бода по првите две квалификациски средби.

„Пред првите две средби од квалификациите, истакнав дека ќе бидам задоволен со се што е над три освоени бода. Но, сега, по ремито во Љубљана и после една ваква квалитетна игра, морам да кажам дека жалиме за останатите два бода. Доколку имавме подобра реализација, сигурно ќе славевме на овој меч“порача Ангеловски.  

Дани Алвеш повторно ќе соработува со Пеп

Бразилецот Дани Алвеш дефинитивно го напушти богатиот ПСЖ , по две години на „Паркот на принцовите“ во Парис, поранешниот ас на Барселона одлучи да ја промени средината.

36 годишниот Алвеш одлучи да направи уште еден чекор во  долгата и богата кариера и да заигра во англиската Премиер лига.

Иако веќе долго е навлезен во четвртата деценија од живото Алвеш  реши по истекот на договорот да се раздели со богатиот Пари Сен Жермен и по Шпанија, Италија и Франција да се проба и во Англија.

Новиот клуб на извонредниот десен бек би требало да биде шампионот Манчестер Сити каде Алвеш повторно ќе соработува со Пеп Гвардиола.

Нејмар ќе стори се само да се врати во Барселона

Најскапиот светски фудбалер, Бразилецот Нејмар е подготвен да направи сѐ што е потребно за да се врати во Барселона во лето.

Бразилската  фудбалскска ѕвезда  за да се врати на „Камп Ноу“ е подготвен и јавно да се извини на навивачите, информира порталот „Спорт.ес“.

Претходно беше објавено дека Нејмар сака да го напушти ПСЖ и да се врати во Каталонија која ја напушти во 2017 година.

Сепак, за да се случи тоа потребна е дозвола и од францускиот шампион ПСЖ кој се уште не е подготвен да го ослободи Бразилецот и покрај неговата желба. 

Србија по тешка борба ја победи Хрватска во Белград (ВИДЕО)

Во тензична атмосфера и со исвиркување на хрватската химна на почетокот на мечот , во Белград се одржа финалниот меч на Светската лига во Ватерполо.

Со погодок на 17 секунди до крајот , Србија ја победи хрватската екипа , која е актуелен светски првак. Српските ватерполисти се олимписки и европски шампиони.

Во базенот на Ташмајдан се водеше вистинска битка , како и на трибините , каде навивачите на двете екипи беа одвоени со силно полициско обезбедување.

На крај со резултат од 12 : 11 победија српските ватерполисти , по што хрвбатските навивачи набрзина беа изнесени од салата за да се избегне инцидент.

притисни ентер