Грчко-македонскиот комитет: Новите генерации да се образуваат во духот на европските вредности

Македонско – грчката комисија на  дводневната средба во кусо соопштение кинформираше дека со грчката страна разговарале за наставните програми и учебниците што се во употреба и нивно усогласување со Преспанскиот договор.

Новите генерации во двете земји и во регионот да се едуцираат во духот на европските вредности на солидарност, доверба и меѓусебна соработка, соопштија од заедничкиот комитет.

Инаку Грците очекуваат до следната учебна година да бидат отстранети според нив иредентистичките и историски погрешните точки од наставните програми.

Наставниците и професорите во предавањата да избегнуваат материјали што содржат иредентизам и ревизионизам, од учебниците да се исфрлат античките грчки симболи и да се отстранат картите на Голема Македонија ова се трите барања која грчката страна ги бара а која минатиот месец ја обелодени грчкиот заменик министер за надворешни работи Маркос Боларис, кој воедно е и на чело на грчката комисија.

Конкретно ќе се испитаат учебниците по историја и географија. Посебен акцент ќе биде ставен на илустративните елементи, како што се сликите и мапите кои имаат иредентистички и ревизионистички елементи.

Доста пропаганден материјал што во очите на малите ученици ги прикажува лажните и пропагандни претстави за „Голема Македонија”рече Боларис

Инаку шефот на Македонскиот тим Виктор Габер во изјава за МИА минатиот месец рече дека на маса може да се отвори и стручна дискусија, да се разгледа како се пристапува кон дефинирање на поимот иредентизам, бидејќи во членот 8 од Договорот од Преспа се предвидува иредентизмот да се избегнува во учебниците, нашите и нивните.

Втора тема е како научно денес се третира поимот на нација, како и начинот за предавањето на материјата од страна на професорите.

Габер за утре најави повеќе детали за средбата со грчката страна.

Следната средба на заедничкиот комитет е закажана за во Атина на 12 и 13 Април годинава.

Бразилка ќе оди во затвор, зашто на познат пејач за еден месец му испратила 8.000 писма

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

Но, тоа не е сѐ, Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

- Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим“, изјави извор близок до Стајлс.

Нејзе ѝ е забрането да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. 

Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.

„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски, соопштуваат од неговиот тим.

Портокалова велосипедска тура, изложба на карикатури и холандски пазар на Деновите на Холандија

По повод националниот ден на Холандија – Денот на Кралот, Амбасадата заедно со своите партнери го отвори второто издание на „Денови на Холандија“ во Ист Гејт Мол во Скопје. 

Амбасадорот Дирк Јан Коп и извршниот директор на Ист Гејт Мол Игор Давков ги пречекаа посетителите со посебно искуство кое вклучуваше портокалова велосипедска тура, изложба на декорирани велосипеди, филмови во виртуелна реалност и холандски пазар.

Настанот започна со симболична портокалова велосипедска тура и изложба на велосипеди декорирани од средношколци од Скопје во организација на Гоу грин – Биди зелен. Покрај автентичните холандски производи во понудата на холандскиот пазар беа вклучени и локални продукти произведени со холандска технологија.

Во рамките на отворањето амбасадорот Коп ги објави и победниците на регионалниот натпревар за карикатури организиран од холандското Министерство за надворешни работи и организацијата Картун мувмент. Независно жири составено од претставници од сите шест држави од Западен Балкан ја додели првата награда на Душан Перишиќ од Србија а втората награда на Арменд Ајредини од Македонија.

Холандскиот пазар ќе биде отворен овој викенд (19-21 април) од 12:00 до 18:00 часот. Изложбата на карикатури може да се посети до крајот на април.

притисни ентер