Трамп: Ќе биде мртов секој кој сака да се приклучи на џихадистите

Американскиот претседател Доналд Трамп, се огласи и кажа дека САД и понатаму ќе бидат на штрек за мрежата на исламисти и дека будно ќе ја следат состојбата.

- Тоа што ја загуби целата територија во Сирија, е доказ дека Исламската држава има лажен наратив, вели Трамп.

Ги обвини за брутални егзекуции, убиства на жени и деца, сексуални злоупотреби и злоставување деца на војници.

Се закани дека сите кои ќе им се придружат ќе бидат мртви.

Истрага и притвор за лице осомничено за убиство на жена во Шуто Оризари

Во текот на вчерашниот ден, по вербална расправија и физичка пресметка на двајца братучеди во населбата Шуто Оризари, осомничениот со нож влегол во куќата на оштетните, со цел да го лиши од живот својот братучед.

Скопје, 15 јуни 2019 (МИА) –   Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице заради постоење на основано сомневање дека сторил едно кривично дело убиство од член 123 став 1 и едно кривично дело убиство во обид, предвидено и казниво по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Удирајќи го со нож во пределот на градите и абдоменот му нанел две убодни рани. Со намера да ги раздвои, меѓу двајцата братучеди застанала сопругата на оштетениот при што осомничениот замавнал со ножот и и задал удар во пределот на срцето од кој удар кај оштетената настапила смрт.

-Имајќи ги предвид видот и тежината на кривичните дела што се ставаат на товар на осомничениот, како и тешките последици од настанот во кој без никаква вина во својот дом, мајка на малолетни деца го изгуби својот живот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, се наведува во соопштението на обвинителството. /МИА

Турската амбасадорка најави дека Ердоган ќе присуствува на свеченоста по повод реконструкцијата на Алипашината џамија во Охрид

Турската амбасадорка Тулин Еркал Кара денеска ја посети Алипашината џамија во Охрид, притоа најавувајќи дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ќе допатува на свеченоста по повод промовирањето на реконструираниот објект.

Таа уште истакна дека се работи на усогласување на терминот со македонските власти за присуство на свеченото отворање на обновената џамија.

Алипашината џамија беше реконструирана и реновирана согласно одлука на Управата за заштита на културно-историското наследство, со финансиска поддршка на Република Турција.

– На претседателот Ердоган му беше сон реставрирањето на објектот. Република Туриција и Република Северна Македонија се братски држави. Турција преку агенцијата Тика и вакавското здружение има реновирано повеќе обејкти во Северна Македонија. Нашето пријателство е засекогаш и долгорочно, рече меѓу другото амбасадорот Кара.

Таа уште нагласи оти не гледа ништо спорно во реконтрукцијата, односно оти било испочитувано се што било договорено помеѓу двете држави во врска со реконструкцијата на верскиот објект. /МИА

Бирлајн: Очекувам мошне скоро Австрија да ја поздравува Северна Македонија како членка на ЕУ

Очекување дека многу скоро Австрија ќе ја поздравува Северна Македонија како членка на Европската унија изрази денеска австриската канцеларка Бригите Бирлајн на средбата со премиерот Зоран Заев во австриската област Вахау.

Бирлајн, како што соопшти владината прес-служба, го поздравила последниот позитивен извештај на Европската комисија за земјава и повторила дека нејзината земја и натаму ќе остане верен пријател и поддржувач на Северна Македонија.

Австриската канцеларка на премиерот Заев му честиташе за сите досегашни политички чекори кои ги презел и кои, како што рече, придонеле да нема никакви пречки за отпочнување преговорите со Унијата.

Заев и Бирлајн, како што соопшти владината прес-служба на денешната средба се согласиле дека Австрија е и еден од најголемите инвеститори во Северна Македонија, што претставува показател и за цврсто воспоставените економски односи меѓу двете земји.

Првата средба со новата канцеларка на Австрија Заев ја искористи да ја покани Бирлајн да ја посети Северна Македонија. /МИА

притисни ентер